Македонија

Expres.mk АНАЛИЗА: Безбедносната архитектура на нафтоводот Солун-Скопје – Тест за македонскиот државен систем

Од аспект на националната безбедност, овој инфраструктурен објект ја трансформира Република Македонија во критична транзитна точка

Пишува: Тим expres.mk

Повторното активирање на нафтоводот Солун-Скопје (ОКТА), проект со должина од 213 километри управуван од страна на конзорциумот ,,Вардакс”  составен од Hellenic Energy (80%) и македонската државна компанија Нафтовод (20%), претставува значајно поместување во регионалната енергетска мапа.

Од аспект на енергетска важност, безбедност и диверзификација на извори се работи за просвертен момент кој Македонија ќе ја направи енергетски чинител во регионални рамки.

Од аспект на односите со Грција и регионалните процеси овој проект исто така на Македонија може да и донесе значителна стабилност и отворање на нови потенцијали.

 

Од аспект на националната безбедност, овој инфраструктурен објект ја трансформира Република Македонија во критична транзитна точка во вертикалниот коридор за снабдување кој е дизајниран да транспортира 2.5милиони тони сурова нафта.

Тој истовремено наметнува комплексни обврски за заштита на критичната инфраструктура.

Геостратешка ранливост и контролни пунктови

Врз основа на мапите на трасата, нафтоводот се протега низ специфични географски предели каде контролните пунктови (лоцирани во Гевгелија, Богданци, Валандово, Демир Капија, Неготино, Кавадарци, Велес, Свети Николе и Скопје) стануваат точки од висок ризик.

Заштитата на овие точки бара капацитети за контра-саботажа и постојан мониторинг, со оглед на тоа што секој физички прекин или оштетување во овие зони би предизвикал не само економски загуби, туку и сериозна еколошка катастрофа и енергетска дестабилизација.

Легислативни императиви и ЕУ стандарди

За ефикасно управување со безбедноста на нафтоводот, неопходно е итно законско усогласување и донесување на нов Закон за критична инфраструктура.

Во случајов Македонија треба да ги имплементира двете клучни ЕУ директиви во оваа област:

 CER Директива (Critical Entities Resilience): Бара воспоставување на национална стратегија за отпорност на критичните објекти од физички закани и природни катастрофи.

 NIS2 Директива: Наметнува строги протоколи за сајбер-безбедност на информациските системи кои управуваат со протокот на енергенси.

Преку CER и NIS2 Директивите, ЕУ ги обврзува земјите членки (вклучително и Грција, со која ќе соработуваме за нафтоводот) да воведат:

 Меѓудржавна соработка: Ако нафтоводот поминува низ две земји, тие со закон мора да имаат заеднички план за управување со кризи.

За Македонија, ова е одлична прилика:

 Заедничка процена на ризик: Можеме да користиме готови модели на ризик од грчката страна.

 Пристап до фондови: Како земја што се усогласува со CER, Македонија може да аплицира за грантови од ЕУ (како што е Connecting Europe Facility) за набавка на DAS системи и друга софистицирана опрема.

Технолошка заштита и сајбер-отпорност

Регулаторната комисија за енергетика е одговорен субјект за донесување на прописи со кои се уредува безбедноста на информациските мрежи и системи, ја определува критична инфраструктура во енергетскиот сектор и за размена на податоци за операторите.

Модерната безбедносна рамка за овој проект мора да се потпре на напредна технологија:

 DAS (Distributed Acoustic Sensing): Инсталација на сензори за рано откривање на неовластена активност во близина на цевката.

 Воздушен мониторинг: Системи на автономни дронови со термални камери за 24/7 надзор на тешко достапните делови од трасата.

 Изолација на SCADA системите: Целосна дигитална заштита на контролните системи од надворешни хакерски напади.

Институционална координација и регионална соработка

Анализата на безбедносните предизвици укажува на потребата од формирање на Здружен оперативен штаб со Република Грција. Ова тело би имало надлежност за:

 Размена на разузнавачки информации за потенцијални закани.

 Заеднички истраги во случај на софистицирани саботажи.

 Координиран одговор при прекугранични еколошки инциденти.

Резиме

Пуштањето во употреба на нафтоводот не е само економско прашање, туку тест за македонскиот безбедносен систем. Успехот на овој проект ќе зависи од капацитетот на државата да го интегрира приватниот оператор во националниот систем за безбедност, обезбедувајќи истовремено технолошка супериорност и правна прецизност.

 

Други детали

Македонската влада е единствен содружник во НАФТОВОД ДООЕЛ Скопје.

Ова друштво беше регистрирано на 18.01.2008 година со цел да се примат 20% од акциите на Вардакс АД како обврска од Спогодбата помеѓу Република Македонија и Ел. П.ЕТ Балканики која произлезе од Одлуката на Меѓународниот арбитражен суд при Меѓународната стопанска комора од Париз, донесена на 06.08.2007 година.

 

Една од основните функции на Друштвото е да остварува редовна координација со Вардакс АД со цел остварување и заштита на македонските интереси.

А.Д. Вардакс управува со нафтоводот Скопје- Солун.

 

Името Вардакс е комбинација од двете имиња на најголемата река во регионот Македонија во двете соседни земји, Вардар и Аксиос

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top