Македонија

Гаши: Меѓуетничките односи се премногу важни за да се потпалуваат

Потпалувачите се неодговорни, непатриоти и недоволно ги сакаат својата држава и народ, смета собранискиот спикер

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека темите поврзани со меѓуетничките односи не смеат да се користат за добивање дневнополитички поени.

„Не сакам да зборувам за себе лично, мислам дека со примери, со дела треба да покажеме кој што прави. Но, во политика сум влегол во прилично тензична ситуација, каде што меѓуетничките односи не биле така сјајни, но упорно, не сум прифатил да бидам дел од тој наратив и тој политички дискурс и во својство на генерален секретар, и на опозициска партија, и на претседател на партија понатаму. Мислам дека овие односи се многу поважни, премногу важни и мислам дека тоа е единствениот или најбитниот столб на стабилноста во државата. И затоа сите треба да бидеме внимателни, најмногу ние политичарите. Сите тие кои не внимаваат на ова и потпалуваат, мислам дека се неодговорни, непатриотски, недоволно ја сакаат својата држава, својот народ, своите граѓани“, рече Гаши во гостување во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

To top