Бизнис

Милиони евра од рудниците „Иловица“ и „Плавица“ стојат на располагање

Рударските инвестиции во Иловица и Плавица на Македонија може да ѝ донесат 770 милиони евра – пари кои ќе ѝ помогнат на државата во заштитата на животната средина, преку рекултивација и рехабилитација на подрачја и мониторинг на биодиверзитетот. Ваквите идеи се преточени во Акцискиот план за минерални суровини 2026-2030, а произлегуваат од новата Стратегијата за […]

Рударските инвестиции во Иловица и Плавица на Македонија може да ѝ донесат 770 милиони евра – пари кои ќе ѝ помогнат на државата во заштитата на животната средина, преку рекултивација и рехабилитација на подрачја и мониторинг на биодиверзитетот. Ваквите идеи се преточени во Акцискиот план за минерални суровини 2026-2030, а произлегуваат од новата Стратегијата за минерални суровини, која ја изработуваа експерти од МАНУ. За Стратегијата да се имплементира потребно е државата во следните десет години да издвои седум милиони евра, но ќе ѝ бидат потребни многу повеќе за да се остварат целите за развој на рударската индустрија и за запазување на животната средина.

  • „Тоа се средства кои треба да се издвојат од Буџетот на Македонија и не вклучуваат инвестиции во отворање на нови капацитети на метали, неметали и енергетски капацитети. Според податоците добиени од околу 20 компании со помош на прашалници, се предвидува во следниот период од 5-10 години да инвестираат некаде околу 500 милиони ЕУР. Дополнително на овие средства потенцијалното отворање на Иловица и Плавица се проценува дека би чинело околу 770 милиони евра“, се истакнува во Стратегијата.

Засега не постојат најави во јавноста за рестартиртирање на дамнешниот проект за рудник во Плавица, Пробиштипско, додека пак инвестицијата за рудник за бакар во Иловица е во застој поради административни пречки. Инвеститорот, тогаш го најави рудникот како најголема странска ,,гринфилд“ инвестиција во нашата држава и само во првите две години, односно првата фаза на изградба на рударскиот комплекс ќе се реализира почетна инвестиција од 340 милиони евра. Дополнително, во текот на целиот период од оперативното работење би се исплаќале околу 75 милиони евра секоја година на повеќе локални и регионални компании за тековно одржување, снабдување со неопходни производи и разни сервисни услуги, а со оглед на претходните тарифи за концесии беа најавени и исплати од по 24 милиони евра годишно за законски давачки, даноци и такси во државниот буџет, како и по три милиони евра за општинските буџети.

Инаку, со новиот план Македонија ќе ги зајакнува ресурсите на Геолошкиот завод, ќе ги испитува капацитетите на критичните минерали кои ги поседува и ќе формира Секретаријат кој ќе биде олеснувач за минералната индустрија. Во период од две години, МАНУ и Заводот треба да изработат Каталогот на минерални суровини. Како што се истакнува, „на Геолошкиот Завод да му се даде задача, во период од две години, да направи анализа на потенцијалите за екстракција и рециклирање на критични метали и критични минерали во соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а со поддршка на рударската индустрија и индустријата за рециклирање“.

  • „Направената анализа треба да се поврзе со вкупните потреби на Европската Унија за критични метали и минерали. Резултатите од таквата анализа би можеле да бидат добра основа за стимулирање на поефикасната употреба и поефикасното искористување на македонските метали и минерални ресурси, да покаже како Република Северна Македонија може да придонесе да се зголеми покриеноста на индустријата на Европа со користење на домашните минерални суровини, а истовремено и да ги зголеми можностите на Европа за извоз на критични метали и минерали, како и да се идентификуваат потенцијалните деловни можности за развој на нови бизниси“, пишува во Акцискиот план 2026-2030.

Задачи се определени и за ресорното Министерство кое ќе треба да создава клима за нови инвестиции.

  • „Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерството за финансии, заедно со Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво во следните две години, треба да направи темелна анализа на климата за инвестирање во Република Северна Македонија, а при тоа да се анализираат и идентификуваат кои фактори имаат посебно влијание врз ова. Анализата треба да ја вклучи и меѓународната перспектива а истовремено да вклучи и анализа на тоа како може да се создадат услови за комбинирање на долгорочна одржлива минерална (рударска) индустрија во Македонија со инвестициска клима која може да привлекува странски инвеститори“, се додава во Планот.

Исто така, Министерството за рударство ќе треба да изработи анализа за можноста за основање фонд за поттикнување иновации и современи технологии во рударството. Дополнително, до 2027 година е предвидено да се направи национален водич за имплементација на современи технологии во рударството до 2029 година, а до 2030 година да се спроведе обука на рударските компании за примена на современи технологии во рударството.

Според планот, Министерството ќе треба да работи на зачленување во меѓународни тела поврзани со минералните суровини, како и на потпишување меморандуми за соработка со ЕУ заради пристап до подобри финансирања на стратешките проекти.

Во следните две години, Министерството во соработка со општините ќе изработува сеопфатна анализа на сите постојни депонии и јаловишта на исцрпени и затворени рударски локалитети, со цел нивно дислоцирање, отстранување и/или рекултивација, а ќе ја испитува и можноста за основање Фонд за рекултивација на простори каде концесијата е престаната, кој ќе се финансира од дел од концесискиот надоместок. Меѓу новитетите се и „изработка на инвентар на активните рудници и нивниот еколошки статус – до 2028 година, како и модернизација на 50% од активните рудници со имплементација на најдобрите технологии – до 2035 година, а 80% до 2040 година, со што ќе се постигне намалување на емисиите на потенцијално токсични елементи (ПТЕ) од активните рудници за 30% до 2040 година.

  • „Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во првата година, треба на национално ниво да формира Секретаријат кој ќе може да делува како олеснувач за минералната индустрија (GreenMining) чија задача ќе биде да промовира дијалог меѓу актерите засегнати од рударските активности во областите за ископ на руда во Република Северна Македонија. Овој секретаријат ќе има задача и да го мониторира спроведувањето на тековните проекти и да комуницира и дава насоки на надлежните институции за олеснување на процесот за добивање на потребните дозволи“, се потенцира во планот.

Во него се препорачува Македонија да фати чекор со активностите во ЕУ, за зајакнување на европскиот пристап до метали и минерални суровини. Една од овие активности, како што се додава, е започнувањето на Европско иновативно партнерство за суровини, во кое Македонија треба активно да се вклучи.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Јавниот долг е под контрола, фискалната консолидација продолжува, рече Димитриеска-Кочоска

Владата успешно го менаџира растот на економијата. Министерката за финансии тврди дека јавниот долг останува под 60 отсто од БДП и дека Владата и годинава ќе ја исполни обврската за фискална консолидација.

Унапредувањето на соработката во фокус на средбата меѓу гувернерот Славески и гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг

Во рамките на разговорите им беше посветено внимание на трговските и на финансиските односи меѓу двете земји, при што беа разгледани и можностите за нивно понатамошно унапредување преку продлабочување на институционалната соработка. Притоа, беше нагласена долгогодишната традиција на пријателски односи меѓу двете земји, како и подготвеноста на Народната банка за натамошно засилување на дијалогот и размената на искуства со Народната банка на Кина.

Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата

Изградбата на автопатите на Коридор 8 и 10 -д, се реализираат со засилена динамика, истите ќе мултициплираат развој на регионот, ќе привлечат нови инвестиции и ќе понудат нови работни места

Инфлацијата се намалува, девизните резерви растат, а финансискиот систем останува стабилен

Централните банки се соочуваат со еден од најголемите предизвици во последните децении, во услови на зголемена глобална неизвесност предизвикана од пандемијата, геополитичките конфликти, нарушените синџири на снабдување и силниот по раст на цените на енергијата и суровините. Потребата од навремени и одлучни политики за зачувување на ценовната и на финансиската стабилност беше една од главните теми на панел-дискусијата „Трасирање на идниот развој“, одржана во рамки на меѓународниот симпозиум организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај.

Ново поскапување на храната и раст на трошоците за живот – народот нема пари, обвини СДСМ

Од СДСМ посочуваат дека растот на платите не е доволен за да го следи поскапувањето, а дополнителен проблем е и немањето нови мерки од страна на Владата за заштита на стандардот на граѓаните. Според опозицијата, секојдневните трошоци како храната, сметките и превозот стануваат сè поголем товар за семејните буџети. Тие алармираат дека синдикалната потрошувачка кошничка континуирано расте, додека реалната куповна моќ на граѓаните опаѓа.

Ако храната поскапува, Владата најави мерки за граѓаните полесно да го поминат месецот

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните – порача премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесени нови економски таргет-мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и, како што рече, „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“.

Ветерниот парк во Штип е инвестиција од 400 милиони евра, најавува премиерот

Расположливиот потенцијал на Црна Река досега е искористен само со изградбата на високата брана „Тиквеш“, а тоа е всушност долниот дел од клисурниот потег на Црна Река. Спротиводните акумулации „Галиште“ и „Чебрен“ имаат исклучиво енергетско значење, со услови за формирање на големи акумулации, (особено акумулацијата „Чебрен“ ) и за израмнување на протечните води на Црна Река, сè со цел нивно целосно искористување.

ММФ со позитивна оценка за македонската економија – раст, стабилност и намален долг

ММФ оценува дека финансискиот систем и натаму е стабилен, а банкарскиот сектор е добро капитализиран и високо ликвиден. Според извештајот, стапката на адекватност на капиталот изнесува 19,4%, значително над регулаторните барања, додека учеството на нефункционалните кредити е намалено на историски најниското ниво од 1,9%. Ликвидноста и профитабилноста на банкарскиот систем и натаму се силни, со што дополнително се потврдува неговата отпорност.

Најнови вести

To top