Македонија

Мистер 1 % – Како одговорија граѓаните на повикот на Филипче ,,за одбрана од мигранти”

Катастрофален одзив меѓу граѓаните на апелот од шефот на Бихаќка

Само 2125 граѓани се потпишале на онлајн петицијата која ја објави лидерот на СДСМ Венко Филипче со цел да се спречи влез на измислените мигранти од Велика Британија.


Фото Богдан Илиевски

Дали граѓаните не му веруваат на Филипче или сфатија дека се работи за пропагандна алатка за враќање на урнисаниот рејтинг на СДСМ сега не е важно.


Фото Богдан Илиевски

Трагично е што голема акција на СДСМ и Фулипче заврши со поддршка заокружен 1 посто од граѓаните што излегуваат на избори.


Фото Богдан Илиевски

Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит кој беше директно нападнат од Бихаќка иронично анализира на темата.

,,Еве како заврши организираната одбрана на татковината од страна на загрижениот војвода патриот Фенко. 2000 потписи од планираните 50 000.

Чисто да сте во тек и со бројките малку, кога велат „се е јасно, разоткриени сте, ништо не треба да се објаснува повеќе“ – е, така стојат бројките кои се – јасни. Бог се родил!”, се шегува Илиевски меѓу другото и со грешката Филипче кога за Богојавление место Бод се јави рече: Бог се роди.

Видеото на Илиевски на темата

Најнови вести од: Македонија

Влада:

„Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања од јавен интерес, без никакви ограничувања или притисоци се наша обврска, но истовремено, нагласуваме дека ова право подразбира и обврска за професионално, достоинствено и етичко однесување. Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и институционалниот интегритет – се вели во реакцијата на Владата, објавена денеска, а во врска со вчерашниот случај во Тетово, на кој новинар и се обрати на министерката за образование и наука со прашање дали со себе носи преведувач на албански. „Ти рековме да си земеш преведувач кога доаѓаш во Тетово?!“ – со оваа националистичка провокација ѝ се обрати новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование Весна Јаневска за време на промоцијата на реновираното училиште „Моша Пијаде“ вчера во Тетово, кога ја праша Јаневска дали при доаѓањето во Тетово, зела и преведувач од македонски на албански јазик, со очигледна намера да предизвика скандал. На тоа Јаневска рече дека не ѝ треба преведувач и оти не знае кому му треба преведувач во Македонија за македонски јазик.Ова го објави „Плус инфо“.

Милановиќ: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен! – Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере!

Има живот и без ЕУ, кажа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб, осврнувајќи се на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој додаде дека на Македонија ѝ се поставуваат премногу услови и барања. Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Република Хрватска.

Кривична пријава за четворицата битолчани, кои му се закануваа на министерот Тошковски, ем и снимајќи ја таа нивна „забава“!

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.

Сиљановска-Давкова: Нема место за двојни стандарди во евроинтегрирањето, кое не смее да биде оптоварено со историски, јазични и идентитетски прашања!

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ. Двајцата претседатели одржаа „лице-в-лице“ средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација, кои во средиштето на вниманието ги ставија традиционално пријателските заемни односи. Со тоа започна дводневната официјална посета на Сиљановска-Давкова на Хрватска. На заедничката прес-конференција Сиљановска-Давкова истакна дека членството во Европската Унија останува една од стратешките определби на државата и се заблагодари за пријателскиот однос, поддршката и разбирањето од страна на Хрватска, како и за помошта во отворањето нови перспективи и можни решенија во процесот на европските интеграции.

Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт

Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку Министерството за транспорт

Најнови вести

To top