Свет

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, ужасно е тоа што си го прават самите

Според американскиот претседател, кој е во зборовна војна со лидерите на носечките европски земји, пред се, поради ситуацијата со Гренланд, „некои делови од Европа денес се непрепознатливи„. „Ја сакам Европа и сакам таа да оди во вистинската насока, но не оди.“ – посочи Доналд Трамп.

Веднаш по пристигнувањето во Давос, американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор во Конгресниот центар во кој на почетокот рече дека е „убаво да се држи говор меѓу пријатели, а и меѓу некои непријатели“.

„Јас сум на власт една година, економијата е во подем, нема инфлација, опасните граници се затворени. САД се во средината на најдраматичниот економски пресврт во историјата. Пред една година бевме мртва земја под водство на радикални левичари. Сега сме најмоќната земја. Сето ова е одлична вест. САД се економскиот мотор на планетата. Ако ние паднеме, и вие ќе паднете. Најмногу ме изненади колку малку време беше потребно за сето ова да се случи“, рече Трамп.

Владите мислеа дека растот може да се постигне преку неконтролирана имиграција. Резултатот беше огромен дефицит и најмасовни миграции. Големи делови од светот се уриваат пред нашите очи. Сите експерти предвидоа дека мојот модел ќе доведе до рецесија. Им докажавме на сите дека грешат“, продолжи Трамп.

„Европа не е тоа што беше порано. Можеме да дискутираме за тоа, но всушност нема што да се дискутира“, додаде тој.

„Лидерите воопшто не разбираат што се случува, а оние што разбираат не прават ништо“, додава тој.

„Не сакам никого да навредам“, продолжи Трамп, но додава дека неговите пријатели се враќаат од делови од Европа и велат дека повеќе не ја препознаваат. Тие споменуваат „неконтролирана масовна миграција“ и рекордни буџетски и трговски дефицити.

Трамп во говорот ја нападна Данска, за која кажа дека без нив сите денеска ќе зборуваа германски и јапонски, забележувајќи им дека се неблагодарни

„Многу сме загрижени за Европа. Ужасно е тоа што си го прават самите“, рече Трамп.

„Имам голема почит кон граѓаните на Данска и Гренланд. Но, секоја членка на НАТО мора да може да ја брани својата територија. Ние сме единствената сила, голема сила, што може да го направи тоа. Видовме како Данска падна за шест часа во Втората светска војна. Немаа шанса, но се обидоа. Се боревме да ја спасиме Данска, тоа големо, убаво парче мраз“, вели Трамп. „Без нас денеска сите ќе зборуваа германски и јапонски. После тоа го предадовме Гренланд на Данска, каква грешка, колку се неблагодарни“, додаде тој. (МИА)

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top