Македонија

4 години затвор за ексдиректорот на Геријатрија за примање мито

Мухсин Арифи е осуден за примање поткуп од 20.000 евра

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуда во случајот „Геријатрија“, изрекувајќи му затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи. Вработениот во истата установа, Блерим Амити, е осуден на една и десет месеци затвор.

Двајцата се огласени за виновни за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Според пресудата, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба, додека Амити посредувал при предавањето на парите.

Судијката Ленка Давиткова во образложението истакна дека судот особено го ценел искористувањето на тешката здравствена состојба на пациентите и нарушувањето на довербата во јавното здравство.

Најнови вести од: Македонија

„Ние ќе победиме!“ – извикот на Вера Трена кон бугарските окупатори пред да се самоубие на 15.7.1944, положувајќи го животот во темелите на македонската држава

„Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!“ – ова биле последните, претсмртни зборови на големата македонска хероина Вера Циривири-Трена, кои ги извикала со силен глас кон бугарските полицајци ноќта на 14-ти спроти 15-ти јули 1944 година, бегајќи од нив меѓу куќите во Штип.  Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од куршум на полициските агенти. За да не им падне жива во рацете, Трена се самоубива со својот пиштол. Своите само 24 проживеани години Трена ги даде во борбата против бугарските фашистички окупатори, вградувајќи ги во темелите на македонската држава.

По покана од Марко Рубио, Муцунски утре и задутре во Вашингтон

Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

To top