Регион

Србија потпиша договор во Давос: Летачки такси возила во Белград од 2027 година

На потпишувањето присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и основачот и извршен директор на Archer Aviation, Адам Голдстин.

Во Давос, за време на Светскиот економски форум, министерот за финансии на Србија Синиша Мали и главниот комерцијален директор на американската компанија Archer Aviation, Нихил Гоел, потпишаа Договор за партнерство со кој Србија го избира Archer како префериран партнер за воведување услуги со електрични летечки такси возила (eVTOL – electric vertical takeoff and landing).

На потпишувањето присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и основачот и извршен директор на Archer Aviation, Адам Голдстин.

Според договорот, Србија има опција да купи почетна флота од летала Midnight (до 25 авиони, во согласност со законската рамка), а Archer станува официјален партнер за воздушни такси на Експо 2027 во Белград (од мај до август 2027 година). Целта е да се демонстрираат предностите на напредната воздушна мобилност пред глобалната публика.

Претседателот Вучиќ го оцени партнерството како значајно за донесување на најсовремена американска технологија во Србија и долгорочна соработка „со децении, па дури и векови“. Тој истакна дека граѓаните ќе бидат горди на постигнувањата, особено во контекст на подготовките за Експо.

Министерот Мали нагласи дека Србија е прва во регионот што воведува транспорт од следната генерација, што ќе придонесе за покажување на „преродувањето“ од економска криза кон земја фокусирана на технологии и инвестиции.

Адам Голдстин рече дека идејата за соработка се родила минатата година во Давос со Вучиќ, а партнерството ќе помогне во градење оперативна експертиза и проширување на eVTOL услуги. Компанијата веќе има слични договори во Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Индија, Јапонија и Кореја, а продолжува со тестирања и сертификација на Midnight.

Ова е прв поголем чекор на Archer во Европа, со фокус на катализирање на усвојување на воздушни такси на континентот преку Експо 2027.

Најнови вести од: Регион

Скандал во Грција: Нелегален софтвер на бензински пумпи крадел гориво од граѓаните

Грчката полиција утринава спроведе голема акција низ целата земја, насочена кон разоткривање на организирана криминална група која нелегално крадела гориво од купувачите. Акцијата вклучуваше повеќе од 30 истовремени претреси на бензински станици, претпријатија и приватни домови. До сега се приведени десет лица. Истражната акција, координирана од Дирекцијата за борба против организиран криминал, се одвива во различни региони, вклучувајќи ја Атика.

Нема повеќе враќање километража на половните автомобили од ЕУ

Хрватската европратеничка Билјана Борзан поддржа предлог-закон за воведување единствен систем на ниво на Европската Унија за следење на километражата на половни автомобили, со цел да се стави крај на манипулациите со одометрите.

To top