Македонија

Мицкоски: Со реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани граѓаните ќе добијат современа сообраќајна артерија

Со инвестиција од 88.9 милиони денари, финансирана од Владата преку Министерството за транспорт, Општина Кочани ја реализира реконструкцијата на булеварот „Теодосија Паунов“, кој опфаќа дел од потегот од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до спојот со улицата „Генерал Апостолски“, односно последниот кружен тек. Вкупната должина на булеварот кој е предмет на овој проект изнесува 2.015 метри, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.

Предвидените активности опфаќаат геодетско обележување и исколчување на трасата, целосно отстранување на постоечкиот асфалт, ископ на земја и доведување до кота на под-тло, изработка на тампонски слој, изградба на тротоари со бекатон плочки, асфалтирање во два слоја, систем за одводнување и изградба на потпорни ѕидови. Во моментов проектот е во работна фаза, а реализацијата се одвива согласно предвидената динамика.

Со реализирањето на овој проект, граѓаните на Кочани ќе добијат модерна сообраќајна артерија која ќе ја зголеми безбедноста и комфорот во сообраќајот, ќе го подигне капацитетот на булеварот и ќе овозможи подобра сообраќајна сигнализација. Пешаците ќе добијат посигурни услови за движење, а деловните и комерцијалните активности ќе бидат поттикнати со новиот урбан изглед. Дополнително, со подобрувањето на инфраструктурата ќе се овозможи повеќе простор за социјални и рекреативни активности, а долгорочната издржливост на булеварот ќе ги намали трошоците за одржување и ќе овозможи средствата на општината да се насочат кон други јавни потреби.
Реконструкцијата ќе придонесе за економски развој на локалната заедница.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top