Македонија

Како синдикатот што беше тивок во времето на СДСМ сега е многу активен во ,,одбрана на работничките права”.

Како по 7 години власт на СДСМ, ССН стана многу активен во ,,одбрана на работничките права”

 

Најавениот протест на синдикатите за повисока плата е во корелација со СДСМ и Левица. Луѓе блиски на овие субјекти тврдат дека досега се случиле неколку средби на луѓе од овие партии во угостителски локал во Скопје.

 

За генезата на протестите интересни неколку факти и податоци.

Еден од нив е како актуелниот претседател на ССМ Слободан станува лидер на синдикатот.

Тој доаѓа на оваа позиција пополнувајки го местото на претходниот претседател кој починува.

Таткото на Слободан е претседател на гранковиот синдикат за градежиство, кој во периодот кога неговиот син станува дел од раководството на ССМ се повлекува и на негово место доаѓа Иван Пешевски.

Еден од условите да се кандидира Слободан за претседател на ССМ е да биде претседател на гранков синдикат. Затоа почнува процедура за поставување на претседател на Синдикатот за трговија.

Притоа се кршат процедурите и има еден неуспешен собир за избор на претседател, и од вториот пат тој обид успева.

Од таа позиција е поставен за прв човек на ССМ.

Барањето кое сега ССМ го има е покачување на платите, минимална плата 600 евра за сите работници, и плус 100 евра за сите други.

Најмал број на работници со минимална плата се во државниот, односно јавниот сектор. Тоа значи дека ова барање највеќе ги погодува приватниците кои се на отворен пазар.

Веселата математика на ССМ започна со барање за 450 евра плата. Потоа 500 евра и сега 600 евра.

Посебен проблем е зошто ССМ како синдикат не правеше протести во време на минатата влада а сега е многу активен во ,,одбрана на работничките права”.

 

Најнови вести од: Македонија

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

Најнови вести

To top