Регион

Радарите во Србија ловат прекршоци на 300 метри

Снимањето почнува на растојание од 150 до 300 м, вели адвокатот за сообраќај Миљевиќ

Во екот на дебатата околу скорешниот старт на системот „Безбеден град“ во Македонија занимлива информација од Србија во врска со радарите на тамошните патишта.

„Ако зборуваме за класични преносни уреди за мерење на брзина, рачни или за поставување на ногалки, тоа се уреди кои имаат капацитет да мерат брзина на растојанија поголеми од 500 метри. Но, тоа не е пракса при мерење на брзината на движење, туку снимањето започнува на растојанија од 150 до 300 метри, тоа е просек, бидејќи покрај снимената брзина, се прави и ознаката видлива. Од причина што единствениот сигурен документ за прекршокот е фотографија што ги покажува сите знаци на прекршокот, имено брзината и регистарските таблички“, вели адвокатот за сообраќај Владимир Миљевиќ за „Блиц“.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ и Рама заеднички бараат влез во ЕУ по пат на „делумна интеграција“ и без право на вето!

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама се огласија со заеднички предлог за забрзана интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија, но според модел што не нуди веднаш целосни членски права. Во заедничка колумна, објавена во германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, двајцата предлагаат постепено вклучување во единствениот европски пазар и во Шенген како меѓучекор до полноправно членство. Остануваат дилемите колку „делумната интеграција“ е промислен чекор кон ЕУ, или е избрзано прифаќање „членство од втор ред“ за земјите што со години, па и децении чекаат интегрирање во „европското семејство“ но преку полноправно членство. Македонија е веќе 21 година кандидатка за влез во ЕУ.

„Доаѓаме: Група блиска со иранските власти му се заканува на Балканот

хакерската група изјави дека нападите врз институциите во Албанија се извршени за да се казни нивната одлука да ја засолнат иранската опозициска група Моџахедин-е-Калк (MEK), позната и како Народна муџахединска организација на Иран

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

To top