Свет

Швајцарија удри по џеб Украинец што земал социјална помош, а возел „порше“

Бегалецот казнет со 84.000 евра за тоа што три години добивал финансиска поддршка, а се шетал со луксузно возило низ Европа

Суд во швајцарскиот кантон Вод му пресуди на украински бегалец за злоупотреба на социјална помош, наложувајќи му да ги врати сите 84.000 евра што ги добил во минатите три години.

Станува збор за 40-годишен украински државјанин, кој се водел како социјално загрозен и добивал финансиска поддршка, а паралелно водел луксузен живот.

Тој го привлекол вниманието на институциите откако откриле дека патува низ Европа со нов „порше кајен“ со кожни седишта.

Украинецот двапати се обидел да ја оспори судската одлука, тврдејќи дека и понатаму има потреба од финансиска помош за живот во Швајцарија, но судот ги одбил неговите жалби како неосновани.

Швајцарските власти порачуваат дека ќе продолжат со засилени проверки за да спречат слични случаи и да обезбедат социјалната помош да стигнува до оние на кои навистина им е потребна.

Најнови вести од: Свет

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

НАТО го претвора Готланд во тврдина против Русија

НАТО интензивно работи на зајакнување на одбраната на шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море, кој се смета за една од најважните и најранливи стратешки точки на Алијансата во однос на Русија, објави „Политико“.

To top