Македонија

Сиљановска Давкова: Пораката на Св. Сава за единство и љубов е поважна од кога било

Неговото дело како просветител и мировник претставува траен патоказ за негување на духовноста и градење заедништво засновано на меѓусебно почитување и разбирање

Честитка до граѓаните од српска националност по повод празникот Свети Сава – Националниот ден на Србите во земјата, упати денеска претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, во која истакна дека пораката на свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било за заедничко чекорење по патот на напредокот и пријателството.

Почитувани сограѓани од српска националност,

Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам Националниот ден на Србите во земјава, празникот Свети Сава.

Ви посакувам овој голем празник да го поминете во добро здравје, мир и спокој, а вашите домови да бидат исполнети со радост и меѓусебна слога.

Делото на Свети Сава како просветител и мировник е вечен патоказ за тоа како се негува духовноста, но и како се гради заедништво засновано на меѓусебно почитување и разбирање. Токму српската заедница, со својот богат културен идентитет и традиција, е важен сегмент на македонското мултикултурно општество.

Вашиот придонес во сите општествени сфери ја прави македонската држава побогато, посовремено и попросперитетно место за живеење.

Во овие времиња полни со предизвици, пораката на Свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било. Таа нè потсетува дека силата лежи во нашиот соживот и во меѓусебната почит.

Да продолжиме сплотени да чекориме по патот на напредокот, потпирајќи се на мостовите на пријателството што со векови ги градиме.

​Честит 27 Јануари, Денот на Свети Сава“, се наведува во честитката.

 

Најнови вести од: Македонија

Поларен вител ги погоди САД: Најмалку 30 загинати и над половина милион домаќинства без струја

Најмалку 30 лица го загубија животот во голема зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави, од кои седум лица загинаа во авионска несреќа во неделата навечер. Истовремено, милиони Американци се соочуваат со последиците од арктички студови, поради кои утринава над 530.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

Антимакедонскиот европратеник Џамбаски не ја „бендисува“ изјавата на Вучиќ дека се бори и Македонија да влезе во ЕУ!

Контроверзниот бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по провокативните антимакедонски изјави и по својот профашистички поздрав во Европскиот парламент, пак се јави на фејсбук. Го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходно изјави дека се бори Македонија заедно со Босна и Херцеговина да влезат во Европската Унија.

Мицкоски побарал телефонски разговор со Лаен за проблемот на превозниците: Очекувам да се реши, со ЕК за ова се разговара од септември

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини барајќи да се измени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

Автобусџиите се солидаризираат со протестот на камионџиите

Ако се земе предвид статистичкиот податок дека на месечно ниво во 2025 година во нашата држава во просек престојувале по 100.000 туристи за кои нашите превозници и туристички агенции извршиле превоз на разни дестинации, „последиците од мерката на Европската Унија би биле поразителни“

To top