Македонија

ВРЕДИ контра контрашите на „Сејф сити“

Законот за „Безбеден град“ е еден од најважните закони донесени во државата, бидејќи во својата суштина ги штити животите на граѓаните и гарантира безбедност на јавните простори, соопшти коалицијата

 

Законот не е насочен кон казни, туку кон создавање услови секој граѓанин да се движи без страв и без ризик по животот. „Безбеден град“, реагира коалицијата ВРЕДИ.

Тоа значи побезбедни улици за пешаци, велосипедисти, корисници на електрични тротинети и лица со попреченост, како и јавни простори што им служат на луѓето, а не на сообраќаен хаос.

Села против „Сејф сити“

Од ВРЕДИ велат аконот има за цел директно да ги намали смртоносните сообраќајни несреќи и да ја подобри безбедноста на патиштата, особено на автопатите, регионалните патишта и градските булевари, каде што ризикот е секојдневен и реален. „Влен“ наведува дека „Безбеден град“ претставува модерна алатка за управување со јавната безбедност, која одговара на современите предизвици и ја доближува државата до европските стандарди.

Се посочува дека современите европски градови користат интегрирани системи за следење и брз одговор, со цел зголемување на безбедноста, намалување на прекршоците и поефикасна работа на институциите, а „Безбеден град“ е чекор во таа насока.

„Денес, современите градови во Европа користат интегрирани системи за следење и брз одговор, бидејќи тие ја зголемуваат безбедноста, го намалуваат просторот за прекршоци и ги прават институциите поефикасни и попрофесионални. “Безбеден град“ е токму таков чекор кон држава која функционира подобро за своите граѓани. Во врска со имплементацијата на системот, нагласуваме дека толеранциите на камерите ќе бидат идентични со оние што веќе ги применуваат полициските радари: толеранција од 6 км/ч за брзини до 100 км/ч и 8 км/ч за брзини над 100 км/ч. Ова јасно покажува дека целта не е казнување, туку спречување на прекршоци што ги загрозуваат животите на луѓето. Толеранцијата се однесува само на помали прекршоци и не се однесува на случаи на кривични сообраќајни прекршоци“, велат од „ВРЕДИ“.

„Правилата постојат за да се почитуваат и да го заштитат животот. Безбедноста не е казна, безбедноста е колективна одговорност“, порачуваат од Коалицијата и додаваат дека „Безбеден град“ е закон за побезбедно, поуредно и похумано општество.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top