Свет

Во судар на минибус со камион кај Темишвар, во Романија загинаа седум лица, меѓу нив и навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК

Според романските медиуми, минибусот во кој се пренесувале навивачи на солунскиот фудбалски клуб ПАОК, при претекнување директно се судрил со камион.

Според романските медиуми, во минибусот патувале десет лица, загинаа седум, а останатите тројца се повредени.

Несреќата се случила на автопат, според видеото објавено во романските медиуми, минибусот возејќи со голема брзина при претекнување директно удрил во камион од спротивната лента и излетал од патот.

Навивачите на ПАОК тргнале од Грција, преку Романија за Франција за фудбалскиот натпревар на солунскиот клуб в четврток против Лион.

Најнови вести од: Свет

Доларот расте на светските девизни пазари – инвеститорите повторно се свртуваат кон американската валута

Американскиот долар бележи раст на девизните пазари во однос на неколку значајни валути. Пазарите реагираат на економските сигнали од САД, каматните стапки и глобалната економска неизвесност

To top