Македонија

Мицкоски: СДСМ и ДУИ ѝ врзаа јамка на државата и сега мудруваат, за следните 3 години треба да вратиме долгови од 6 милијарди евра!

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, истакна дека македонските граѓани треба да ја знаат вистината, затоа што СДСМ и ДУИ и врзаа јамка на државата, а сега мудруваат, односно дека заради нивните долгови, оваа влада треба следните 3 години да врати претходни долгови во вредности од еден државен буџет од околу 6 милијарди евра.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека само оваа година треба да вратиме 2 милијарди и 300 милиони евра, стари задолжувања, претходни долгови, а покрај тоа поради катастрофалното работење на минатата влада стигаат и други неочекувани долгови како што е данокот на луксуз кој минатата влада го донесе противуставно и истиот Уставен го поништи и сега оваа влада треба да го враќа.

„Следната година треба да вратиме околу 1 милијарда и 600 милиони евра со се каматите кои треба да се платат за претходни задолжувања, годината потоа 2 милијарди и 600 милиони евра. Во следниве три години ние треба да вратиме отприлика еден буџет. Немаме бафер повеќе во буџетот ние. Јамката тие кои што и ја врзаа на Македонија и на македонските граѓани, најмалку имаат право сега денес да го прават повторно ова да ги тормозат кога конечно се консолидираме и си ги сервисираме обврските, а од друга страна генерираме раст. Ова е реалноста“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека и во ред е тоа што опозицијата излегува и критикува, но треба да се знае реалноста дека седум години ја празнеа државната каса, го пљачкаа народот, ја предаваа државата по сите основи, додека оваа влада ја доби довербата и го дава максимумот за македонските граѓани.

„Македонија и македонската економија имаат најниски давачки во Европа. Имавме притисок да го зголемиме ДДВ од страна на меѓународни финансиски институции, не го направивме тоа, имавме притисок да ги зголемиме и другите даноци како што е данок на добивка да биде скалест, да не биде рамен, не го направивме тоа, од трета страна имавме притисок и да ја зголемиме возраста за пензионирање, не го направивме тоа. Ние како влада направивме се да го поддржиме бизнисот за да отвори нови работни места и тоа се случува. Кога ќе ги споредите ноември 2024 година и ноември 2025 година ќе видиме дека имате отворени нови 10 илјади работни места и токму толку има помалку невработени во државата“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека владината политика вроди со резултати и имаме економски раст и се очекува годината да ја завршиме со 3,5% раст, појаснувајќи дека 3,5%, 3,8% евентуално 4% е максимумот со овој капацитет на работна сила и македонската економија, затоа што во услови на војна во Украина и европскиот пазар е во криза, се вади повеќе од максимум.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top