Македонија

Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже дека стои зад своите партнери и да ја повлече одлуката

„450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите партнери и да ја повлече одлуката, за што е оптимист“, порача премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ21.

„Ние како влада уште од септември ја отвораме оваа тема во Брисел, разговараме, исто како што разговараме за квотите за челикот, исто како за укинување на телефонскиот роаминг, и за други теми, и ќе продолжиме да разговараме. Ако некој навистина смета на овој дел од Европа, како што ни кажуваат дека сметаат на нас, ова се мали, небитни работи. Не може 450 камиони од Македонија да ја загрозат економијата на Европа. Зарем 450 камиони од Македонија може да земат некому бизнис? Напротив, тие може да додадат вредност. На крајот на денот, тие превезуваат полупроизводи за европските производители во регионот“, образложи Мицкоски во интервјуто, додавајќи дека е оптимист за решение.

„Оптимист сум, затоа што последните вести од таму се дека за оние од авиосообраќајот и во железничкиот сообраќај, се изземаат. Да речеме, ако македонски граѓанин е пилот, или работи како стјуард во авиокомпанија која оперира во Шенген зоната, ќе биде изземен од оваа мерка. Истото важи за машиновозачите и така натаму. Се надевам дека ќе се случи за патниот сообраќај, за патничкиот и товарниот, затоа што нема друг начин. Вака, ќе трпи регионалната економија, но генерално трпат и економиите на ЕУ. И на крајот од денот, ова е моментот кога ЕУ треба да покаже, вистински, како стои позади своите партнери од Балканот коишто толку многу сака да ги види во рамките на европското семејство“, посочи премиерот Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Клик Плус“.

Најнови вести од: Македонија

АПИС: Ако нема легални објекти за игри на среќа, ќе има „објекти на црно“

Младите и преку мобилни може да се коцкаат, а аатворањето на легалните објекти за игри на среќа од 10.000 вработени ќе направи 10.000 невработени кои со своите семејства ќе станат најмалку 35.000 нови кандидати за иселеници во западните земји

Македонија отвора амбасада во Литванија

Амбасадата во Вилнус ќе има и поширока регионална улога, претставувајќи централна точка за покривање на останатите балтички држави во политичката, економската, културната, конзуларната и во другите сфери од заеднички интерес

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази ги спасува криминалците од СДСМ и ДУИ

Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ

To top