Македонија

Тошковски: Македонија и Албанија се пријателски земји, пред летото ќе профункционира едношалтерскиот систем „Уан стоп шоп“

„Пред почетокот на летната сезона ќе го примениме едношалтерскиот систем ( „Уан стоп шоп“) со  Албанија. Тимови од двете држави работат на негово реализирање.“ – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната заедничка прес-конференција со албанската министерка за внатрешни работи Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на Република Македонија.

Министерот Тошковски информираше за договореното унапредување на Центарот за меѓугранична соработка на македонско-албанската граница, со зголемување на капацитетите и надлежностите, што ќе овозможи поефикасна и побрза координација меѓу службите на двете земји. – Со сите овие подобрувања на Центарот кои што ќе се случат во иднина, сметаме дека ќе ја зголемиме ионака одличната соработка меѓу двете држави, нагласи Тошковски.

Било разговарано за можноста граничниот премин Џепиште – Требиште да премине на 24-часовен режим на работа во текот на целата година. Тошковски оцени дека ова ќе ја подобри комуникацијата и пристапот до услуги за граѓаните од двете страни на границата.

Албанската министерка Кочиу оцени дека оваа средба е продолжение на досегашната соработка меѓу двете земји и нагласи дека Албанија и Македонија се пријателски земји кои повеќе имаат заеднички работи отколку работи кои ги делат.

– Албанија и Македонија се пријателски земји. Две земји кои повеќе работи кои нѐ поврзуваат отколку што нѐ делат. Две земји кандидати за ЕУ, затоа што ова место ќе биде европско место, каде стоките и луѓето ќе се движат без граници, истакна Кочиу.

Таа нагласи дека олеснувањето на движењето на граѓаните и товарниот транспорт е од големо значење и дека практичните мерки, како модернизацијата на граничните процедури, директно го олеснуваат животот на граѓаните и придонесуваат за економска соработка. – Со колегата Тошковски разговаравме за што побрзо да проработи моделот One Stop Shop, контролата да биде унифицирана и да продолжи системот One Stop Shop да работи како во некои други гранични премини, порача албанската министерка.

Кочиу информираше дека во 2025 година преку македонско-албанските премини се реализирале околу пет милиони преминувања и 1,5 милиони возила, што, според неа, ја покажува потребата од поефикасни системи и заеднички гранични точки. Таа додаде дека туристичката соработка меѓу двете земји имаат голем потенцијал.

– Мислам дека Албанија, покрај крајбрежјето и морето и Охридското Езеро, сè уште остануваат неискористени од страна на македонските граѓани. Истото може да се каже и за Република Македонија, каде што имаме многу места што можат да се посетат, а не се посетени од страна на нашите граѓани, посочи Кочиу.

Министерката го покани Тошковски да ја посети Тирана, со цел продолжување на разговорите и финализирање на договорените мерки.

Најнови вести од: Македонија

Л.И. (27) од Црна Гора украла накит од златарница во Тетово, па била уапсена

Вчера, на 19 март 2026 во 16 часот во Тетово на ул.„Страшо Пинџур“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Л.И. (27) од Р. Црна Гора, по претходна пријава од А.Х. (31) од Тетово, дека од неговата продавница за златен накит во Тетово, едно женско лице, кое питачело, одзело златни предмети.

Туфегџиќ: Јавното обвинителство нема контакт со реалноста и Савески, како „свежа крв“ во правосудството, ќе наметне нов пристап во неговото дејствување!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески како државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите. Туфегџиќ јавно му даде поддршка на Савески, порачувајќи дека пред него стои сериозна задача, но и можност за вистинска преобразба на обвинителството. Тој  смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да поттикне позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле довербата во институциите. 

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

To top