Македонија

(Видео) Михајлово доби нова скијачка патека: Свеж снег и три уредени стази

Основци на скијање на Михалово

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев објави видеа на социјалните мрежи од новата патека во ски-центарот Михајлово.

„Еден месец скијање зад нас, сега и нова патека! Михајлово е подготвено и активно веќе еден месец, а бројни граѓани веќе уживаа на снегот и стазите.

Денес одиме чекор напред, комплетна зимска понуда со три уредени стази: малата стаза со теписон за најмладите, стазата „Македонија“ и за првпат новата стаза од 1.200 метри.

Свеж снег, вистинска зимска идила и услови за скијање и уживање за сите генерации“, напиша градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top