Македонија

Мицкоски: По изборот на јавниот обвинител ќе влезат во процедура многу предмети, чувани во фиока, и јавноста ќе види како владееја СДСМ и ДУИ!

Одговарајќи на пратеничко прашање, Мицкоски денес на собраниската говорница рече рече дека очекува со промените во Обвинителството голем број граѓани да се охрабрат и јавно да прозборат што сѐ доживеале за време на претходната влада.

Премиерот оцени дека изјавите на Жан Митрев се загрижувачки, но дека, сепак, како што рече, не се нешто досега непознато во јавноста или нешто за кое не се коментирало во минатото.

-Тоа се изјави кои кореспондираат со гласини што ние веќе сме ги слушале – за обиди за упад, преземање бизнис, користење службена положба за вршење влијание или притисок, но не е тоа единстеното нешто. Имам чувство дека во периодот што следи, а псоебно по изборот на јавниот обвинител, голем број наши граѓани ќе се охрабрат да споделат јавно свои искуства што доживеале со претходната влада и дека голем број предмети држени во фиока ќе добијат јавност и ќе влезат во процедура. Ако ова мое чувство се потврди како точно, граѓаните ќе слушнат во детали што се случувало седум години и кој е тој што ја води опозицијата или опизициските партии во Македонија, истакна Мицкоски.

Тој дополни дека требало да поминат неколку дена за Обвинителството да почне истрага по тврдењата на Жан Митрев.

-Колку што сум информиран, тој рече дека има и докази. Очекувам, по презентирањето на тие докази Обвинителството да си ја заврши рбаотата, а во перидот што следи имам чувство дека македонската јавност ќе види и слушне што се случувало во македонија седум години влада на СДСМ и ДУИ и што се морале некои структури во државата да трпат во периодот на брутален напад и обиди за преземање бизнис, рекетирања. Голем дел од предметите кои беа држени во фиока ќе бидат извадени во јавноста и таа ќе види зошто и кои обвинители ги држеле во фиока, која е цената и зошто тоа е правено, потенцира премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top