Македонија

Опаѓа бројот на заболени од грип, но можно е да има и втор бран

Во однос на возрасната дистрибуција 1029 лица се на возраст меѓу 15 и 64 години, 253 лица се на возраст над 65 години, 243 се деца на возраст меѓу 5 и 14 години, 183 се деца на возраст меѓу 0 и 4 години што укажува дека највисоката инциденца се регистрира на возраст меѓу 0 и 14 години.

Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сѐ уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот, бидејќи во минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, можеби е последниот, но не значи дека нема да има нов пик и ново зголемување на бројот на заболени, изјави денеска директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Според податоците, во моментов во Македонија има среден интензитет на активност на вирусот.

  • Во текот на четвртата недела од годинава во период од 19 јануари до 25 јануари во Македонија се пријавени 1.708, случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, што е за 17,2 проценти помалку споредено со претходната недела кога бројот беше 2.062 – истакна д-р Андоновска.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.029 заболени се на возраст од 15 до 64 години, 253 се лица на возраст над 65 години, 243 се деца на возраст од пет до 14 години, 183 деца се на возраст до четири години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

  • Во однос на градовите, во Дебар и во Кратово се бележи многу висока активност на грипот. Во Охрид, Кавадарци и во Струмица има висока активност, во 9 града има средна активност, во 12 града се бележи сезонска активност, а во 2 града има многу ниска активност – рече д-р Андоновска.

Таа потенцира дека и натаму продолжуваат да важат препораките на ИЈЗ за лицата да се заштитат, а тоа е да се избегнуваат собирања во простории каде што има повеќе лица или ако е потребно да бидат во такви простории да носат маска.

  • Посебно да водат сметка и да внимаваат на здравјето ранливите категории, повозрасните лица над 65 години, хронично болните, децата, трудниците. Доколку имаат сомнеж дека некое лице е заболено или покажува симптоми треба да се избегнуваат контакти со него. Оние кои се веќе дијагностицирани или имаат грип тие треба да останат дома. Децата да не се носат во училиште ако имаат симптоми со цел побрзо да закрепнат и да нема трансмисија на вирусот. Нашите препораки се исти како и претходно – да се остане дома, да се одмора и да се следат советите од матичниот лекар – додаде д-р Андоновска.

Оваа сезона се регистрирани три смртни случаи од грип во земјава.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Сите лажни пораки за плаќање казни за сообраќајни прекршоци стигнуваат од странски броеви

Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта

Насилството не може да се решава само кога ќе се случи инцидентот, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно вклучување на учениците

To top