Македонија

Самсунг (Samsung) повторно ги претставува Galaxy XCover7 и XCover7 Pro во Јадранскиот регион: Создадени за вистинскиот живот

Сигурни перформанси, безбедност и издржливост за секојдневна работа

“Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) со гордост ја најавува обновената достапност на Galaxy XCover7 и XCover7 Pro во Јадранскиот регион. Создадени за да се справат со секојдневните предизвици, двата уреди нудат рамнотежа помеѓу издржливоста и функционалноста за професионалци и активни корисници. Дизајнирани за вработени на првата линија на одговор, како што се службите за итни случаи, пожарникарите, полицијата и спасувачките екипи, како и за ентузијасти за активности во природа, вклучувајќи планинари, велосипедисти и авантуристи, овие уреди обезбедуваат сигурни перформанси во секое опкружување.

Создадени за барањата на реалниот свет

Овие издржливи “Galaxy“ паметни телефони се конструирани за сигурна работа во тешки услови. Со сертификатот MIL-STD-810H, докажано преживуваат падови од висина до 1,5 метри на челични површини, како и екстремни температури (-20°C до 55°C) и други сурови средини, обезбедувајќи непречена работа дури и во најтешките ситуации. Со IP68 сертификација, уредите се исто така заштитени од прашина и се отпорни на вода. Без разлика дали работите на отворено или во предизвикувачки работни средини, овие уреди ве одржуваат поврзани и продуктивни.

 

 

Непречена продуктивност

Поврзаноста во текот на целиот ден е од суштинско значење, а Galaxy XCover7 Pro и Galaxy XCover7 го овозможуваат тоа со поддршка за брза мрежа и повеќе режими на напојување. Со голем капацитет на батеријата, “POGO“ полнењето заедно со брзото полнење од 15W, прекините во работата се сведени на минимум. Уредите ги оптимизираат перформансите и користењето на батеријата во текот на денот. Кога времето за полнење на батеријата е ограничено, двата уреди овозможуваат замена на батеријата во движење, директно на терен.

Видливост на отворено и јасна комуникација

Уредите се опремени со екран прилагоден за користење на отворено, со Vision Booster технологија која ја подобрува видливоста на силна сончева светлина. Galaxy XCover7 Pro е дополнително опремен со стерео звучници и функцијата “Howling Noise Reduction“ за намалување на шумот, што овозможува чист звук и сигурен квалитет на повикот дури и во бучни средини.

 

 

Максимална продуктивност

Galaxy XCover7 Pro поддржува работење со Samsung DeX, овозможувајќи искуство слично на десктоп кога е потребно. Телефонот може да се поврзе со надворешен дисплеј преку USB-C приклучок и да се спари со “Bluetooth“ тастатура и глушец за поголема практичност. Со 5G поврзаност и Wi-Fi 6E на Galaxy XCover7 Pro, можете да останете поврзани и да пренесувате податоци со неверојатна брзина. Програмабилните копчиња на двата модели овозможуваат брз пристап до основните апликации и функции, поедноставувајќи го вашиот работен процес.

Напредна безбедност и долгорочна поддршка

Безбедноста е темел на XCover7 Pro и XCover7.Со Samsung Knox Vault, чувствителните податоци, како што се PIN – кодовите, лозинките и биометриските податоци се чуваат во посебна изолирана хардверска средина, нудејќи силна заштита од софтверски и физички напади. Уредите се поддржани со седум години софтверски ажурирања, вклучувајќи ги главните верзии на оперативниот систем и безбедносните надградби, со што се овозможува долгорочна употреба.

 

Сигурен избор за работа и секојдневни предизвици

Galaxy XCover7 Pro и XCover7 ги здружуваат издржливоста, продуктивноста, безбедноста и одржливоста што ги прави доверливи паметните телефони за работа и секојдневна употреба. Без разлика дали сте работник на прва линија на одговор, или пак деловен професионалец, уредите се дизајнирани да ги задоволат вашите потреби.

 

Издржливи перформанси прилагодени на вашите потреби

Изградени врз заедничка основа на докажана издржливост, Galaxy XCover7 Pro и Galaxy XCover7 се дизајнирани да поддржат различни професионални потреби, истовремено обезбедувајќи постојана сигурност во предизвикувачки средини. Како „помлад брат“, Galaxy XCover7 обезбедува суштински перформанси, чист звук и практично искуство со дисплејот за секојдневни теренски операции, додека Galaxy XCover7 Pro го надградува тоа искуство со унапредени процесорски можности, стерео звучници со “Dolby Atmos“ и поразновиден систем на задна камера со двојни леќи. Двата уреди нудат проширлив простор за складирање, при што Galaxy XCover7 Pro обезбедува дополнителна флексибилност до 2 терабајти за случаи во кои е потребно справување со голем обем на податоци.

Достапност, цени и продолжена гаранција

Samsung Galaxy XCover7 и XCover7 Pro сега се достапни со продолжена гаранција од 36 месеци, што ја покажува посветеноста на компанијата “Samsung“ за квалитетна поддршка за сите корисници, вклучувајќи ги и професионалците на првата линија на одговор. Уредот Samsung Galaxy XCover7 е достапен во Северна Македонија преку сопствените продажни канали на “Samsung“ и преку нивните продажни партнери. Samsung Galaxy XCover7 Pro е достапен исклучиво по нарачка преку истите продажни канали.1 За повеќе информации во врска со цените и портфолиото на издржливи уреди на “Samsung“, ве покануваме да ја посетите www.samsung.com/mk.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Пратениците на Паралментарното Собрание одлучија да го затворат пост-мониторинг дијалогот и да продолжат да ги следат случувањата во земјата преку својот механизам за редовен периодичен преглед

To top