Спорт

Мато и официјално од Вардар во Хартс како зајмен играч

„Црвено-црните“ наводно ќе бидат обештетени со околу 600 илјади евра од лидерот во шкотскиот Премиершип

Интернационалецот од Уганда, Роџерс Мато, и официјално до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Хартс како зајмен играч од Вардар, кога и ќе му заврши договорот со „црвено-црните“ и ќе почне тригодишниот со лидерот во шкотскиот Премиершип, потврдија двата клуба.

Според „Макфудбал“, најтрофејниот македонски фудбалски колектив ќе добие отштета од околу 600 илјадио евра.

Мато постигна 12 гола на 13 натпревари во есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига, со што го дели првото место со Басиру Компаоре од Струга.

За Уганда настапи на неодамнешниот Куп на африканските нации и на три средби погоди еднаш, а за својата земја има вкупно 8 гола на 41 средба.

Вардар во меѓувреме се засили со репрезентативниот дефанзивец Дарко Велковски, како и со Србинот Стефан Цветковиќ.

 

Најнови вести од: Спорт

To top