Македонија

Бугарски сајт на македонски јазик тврди дека според Вучиќ Гоце Делчев е Бугарин

Лажните вести се објавуваат во Софија а се читаат во Македонија

Бугарскиот портал Вестимак кој објавува вести на македонски јазик тврди дека според српскиот претседател Александар Вучиќ Гоце Делчев е Бугарин.

 

 

Без да објави каде и кога точно Вучиќ го прогласил Гоце Делчев за Бугарин порталот наведува дека за време на заедничка изјава со бугарскиот претседател Румен Радев  српскиот претседател порачал дека македонскиот апостол треба да се смета за бугарски национален херој.

 

На бугарските и српските медиуми нема ваква информација и засега не може да се потврди автентичноста на оваа вест или грубо кажано порталот Вестимак најверојатно објавува лажни вести со политичка цел.

 

Објавата на бугарскиот портал која зборува за наводна изјава на Вучиќ во контекст на менување на улици на херои е од 29 Јуни оваа година.

 

Порталот Вестимак се смета за бугарски не само затоа што објавува вести кои се во целост на линија на официјална Софија туку и затоа што тој со вести во најголем дел се полни од Софија.

 

Порталот нема реклами и импресум во кој може да се види кој го финансира, кој е сопственик,  уредник и кои се новинари.

 

Кабинетот на српскиот претседател не го демантира пишувањето на бугарскиот портал на македонски јазик.

 

Најчитани статии

Никој не смее да умре затоа што не се преземени соодветни мерки, објави американската амбасада во Македонија

Амбасада на САД во Скопје: На терористите не им требаат визи кога границите се широкo отворени

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top