Регион

Поради закана за екплозивна направа евакуиран косовскиот парламент

Пратениците, персоналот и медиумите беа евакуирани кратко пред почетокот на конститутивната седница, која беше закажана да започне во 11:00 часот

Косовската полиција потврди дека денеска имало закана за експлозивна направа до Собранието на Косово, испратена преку СМС порака, јави Газета Експрес.

„Денес, на 05.07.2025 година наутро, примена е информација (преку СМС порака) за закана со експлозивна направа во државниот објект на Косовското собрание. По добивањето на информацијата, ангажирани се надлежните полициски единици, кои првично воспоставија безбедносен периметар и евакуираа луѓе од просториите“.

Косовската полиција соопшти дека ги известила надлежните обвинителства и полициските истражители, кои заедно со надлежните единици за деминирање и експерти, преземаат соодветни контролни мерки во објектот.

Членовите на Собранието, персоналот и медиумите беа евакуирани кратко пред почетокот на конститутивната седница, која беше закажана да започне во 11:00 часот.

Некои од пратениците кои разговараа со новинарите по евакуацијата рекоа дека добиле инструкции од косовската полиција да ја напуштат собраниската сала.

Некои од нив го критикуваа безбедносниот систем на Собранието, а други рекоа дека оваа закана може да биде лажна.

Собранието сè уште не објави кога ќе продолжи седницата, додека припадниците на косовската полиција вршат проверки.

Најнови вести од: Регион

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико.

И македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните членови на криминалната структура. Бибај се споменува и во аферата „Двојник“, кога македонските власти издавале македонски пасоши на познати криминалци од регионот и пошироко

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

To top