Македонија

АМСМ: Воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на некои патни правци поради обилни врнежи од снег

Итензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ инфомира дека утрово од 05:45 часот, поради врнежи од снег, e воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.

Итензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата, информираат од АМСМ

Најнови вести од: Македонија

Рекордна заплена на марихуана во Србија: Еден од уапсените е ко-сопственик на фирма за производство на канабис во Македонија

Според обвинителството, организирана криминална група во периодот од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година набавила огромна количина марихуана во Македонија, која потоа била нелегално транспортирана преку границата и пласирана на српскиот пазар.

Од денеска стартува „Безбеден град“ во Скопје, Куманово и Тетово

Од денеска (1 февруари 2026) на територија на Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10, официјално стартува имплементацијата на системот за автоматско санкционирање на сообраќајни прекршоци – „Безбеден град“.

To top