Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

Одлука да го продаде општинското „ауди А6“ што го купи поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, донесе Советот на Општина Струга.

 Возилото купено во 2020-та за 67.000 евра сега ќе се продава на јавно наддавање со почетна цена од само 10.000 евра.

„ И ние како советничка група и неколку останати советници гласавме за продажба на тоа возило од проста причина што многу добро знаеме во какви околности беше купено тоа возило и во какво време, кога не беа запазени приоритетите на граѓаните. Струга имаше многу посериозни проблеми кои требаше да се решат, а не да се купува едно такво луксузно возило – изјави за Алфа, Коста Хиохи“, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Согласно важечките прописи, за возилото е пресметувана годишна амортизација од 15 отсто, при што неговата моментална проценета вредност изнесува 618.602 денари или 10.000 евра.

Поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамиз Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.

Сепак, на почетокот на јуни 2025 година Мерко беше ослободен од вина. Судот утврди дека во процесот на јавната набавка нема докази дека сторил кривично дело и дека имал намера да ја злоупотреби својата службена положба.

Најнови вести од: Македонија

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

To top