Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала – велат од Владата откако претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, објави фотографија на која седи сам во празна просторија. Во објава на Фејсбук, Трендафилов рече дека го чека премиерот Христијан Мицкоски за да ја потпише спогодбата за зголемување на минималецот на 600 евра и зголемување на останатите плати за најмалку 100 евра.

Од Владата обвинија дека со наводите на претседателот на ССМ се создава лажна слика за социјалниот дијалог. Во оваа смисла оттаму велат дека премиерот Мицкоски за в четврток во 16:45 часот во просториите на Владата закажал средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ.

  • „Ова е конкретен доказ дека Владата не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати. Социјалниот дијалог се води таму каде што му е местото, во институциите, со јасен план и реална намера за изнаоѓање решенија. Сите обиди истиот да се претвори во лажни наративи и самоволни појавувања, се неодговорни и штетни по интересите на работниците, кои наводно се бранат“, велат од Владата, додавајќи дека нема да дозволат злоупотреба на социјалниот дијалог.

За околу 7 800 работници што се дел од јавната администрација Владата е подготвена да се согласи со зголемување на платите од 40 отсто во период од 26 месеци, а од Синдикатот на УПОЗ рекоа дека тоа е, всушност, нивно барање старо една година.

Претходно, претседателот на ССМ информира дека премиерот утринава не се појавил во просториите на Синдикатот за да ја потпише спогодбата за зголемување на минималецот на 600 евра и зголемување на останатите плати за најмалку 100 евра. Трендафилов оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде дека денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top