Македонија

Делчев: Не си припаѓаме на себеси и да не се плашиме од смртта! – Каде и да нѐ посети, да ја дочекаме со презир и да ја победиме!

Незаборав за македонскиот горостас Гоце Делчев, идеологот и водачот на македонската револуција, по повод одбележувањето на 154-тата годишнина од неговото раѓање.

„Никогаш не заборавајте дека ние не си припаѓаме себеси. Нашите животи веќе се жртвувани на олтарот на каузата и кој и да ја изгуби оваа свест, престанува да биде револуционер. Затоа, да не се плашиме од смртта. Каде и да нè посети, да ја дочекаме со презир – и да ја победиме!“ – ова е дел од знаменитиот говор на Гоце Делчев, идеологот и водачот на македонската револуција, што го одржал на 23 јануари 1902 година пред македонските четници во селото Жерве, кое се наоѓа на 23 километри западно од Воденско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција.

Оваа вонвременска мисла  на Делчев, која моќно одекнува со сета своја сила и денес, по 124 години, ја запишал четникот Христо Силјанов во своите „Писма и записи на еден четник“, изнесувајќи сеќавања во нив и за својата средба со Гоце Делчев во селото Зелениче, во првите денови по Новата година во 1902- рата.  Силјанов бил четник во четата на војводата.

Денеска е 4 февруари. Ден кога во 1872 година е роден македонскиот горостас Гоце Делчев. Овие редови му го посветуваме нему.

Нетпрес

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

To top