Бизнис

Студентите и пензионерите ќе можат легално да работат без да ги изгубат правата, односно да не работат на црно

Формализацијата на сивата економија е еден од врвните приоритети на Владата, со цел зајакнување на економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и подобра заштита на работниците, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на презентацијата на Законот за работно ангажирање лица во Владата.

Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, зашто директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало околу 694.000 вработени, од кои приближно 85.000 биле неформално ангажирани. Тоа е сериозен предизвик кој бара системски решенија. Ова го изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши на настанот во Владата по повод презентација на Законот за работно ангажирање лица.

Со Законот, рече тој, се воведува пофлексибилен и поедноставен модел за легално ангажирање, со јасна правна рамка и електронски процедури за пријавување, одјавување и уплата на придонеси. Законот овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права.

Корисниците на гарантирана минимална помош не ги губат социјалните и детските права, невработените не се бришат од евиденцијата и не го губат паричниот надоместок, пензионерите го задржуваат правото на пензија, а студентите и учениците ги задржуваат правата од образовниот систем.

  • Со овој Закон испраќаме јасна порака дека државата е решена системски да ја сузбива сивата економија и активно да ја поддржува формалната економија. Тоа значи повеќе формални работни места, поголема сигурност за работниците и стабилна, предвидлива и фер деловна клима за компаниите кои инвестираат и придонесуваат за растот на македонската економија – рече Дурмиши.

Министерството, како што беше најавено на настанот, ќе почне кампања за промоција на Законот под мотото “Фер ангажман”.

  • Во првата фаза, Законот ги опфаќа дејностите каде што сивата економија е најизразена – земјоделството, шумарството, рибарството, објектите за сместување, сервисните дејности за храна и дејностите во домаќинствата. Според анализите, се очекува формализација на до 12.000 сезонски работници во земјоделството и околу 5.400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите, односно вкупно опфаќање на околу 17.400 лица – рече Дурмиши.

Според него, оваа реформа носи конкретни придобивки и за работниците и за работодавачите – работодавачите добиваат флексибилност и поедноставени административни постапки, а работниците исплата по час, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда при работа или професионално заболување, како и јасна правна заштита на нивните права.

  • Законот за работно ангажирање лица почна да се применува од 1 јануари 2026 година, а тековниот период беше наменет за техничка и институционална адаптација, со цел неговата имплементација да биде ефикасна, усогласена и функционална во пракса. Министерството за економија и труд и досега спроведуваше активни политики преку Оперативниот план за вработување, но анализите покажаа дека дел од лицата и понатаму остануваат надвор од формалните текови. Токму затоа беше донесен овој закон, кој претставува суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работна сила – рече Дурмиши.

Тој упати посебна благодарност до Германско друштво за меѓународна соработка(ГИЗ) за експертската и техничката поддршка во процесот на подготовка и имплементација на законот, до Агенцијата за вработување, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, како и до сите институции кои беа директно вклучени во воспоставувањето на функционален и ефикасен систем.

Најнови вести од: Бизнис

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

(Фото): УЈП ќе разменува искуства со Унгарија за дигитализација и наплата на даноците

Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија.

(Фото): Иновациите треба да придонесат за поодговорно и поинклузивно кредитирање, вели гувернерот Славески

Целта е развојот на финансиските услуги да создава економски можности и да придонесува кон одржливо кредитирање, без да се загрозат финансиската стабилност и довербата на граѓаните и компаниите.

Најнови вести

To top