Хроника

Како на филм: Тргнале македонски државјанин на ГП Блато за проверка, тргнал да ги гази (ВИДЕО)

Албанската полиција на граничниот премин кај Дебар го приведе неуспешниот бегалец и му го заплени возилото „мерцедес“

Албанската полиција на преминот Блато на границата со Македонија кај Дебар уапси македонски државјанин во обид да ѝ избега со возилото откако бил тргнат настрана заради детална проверка, при што го загрозил животот на полициските службеници.

Мажот на возраст од 42 години доби кривична пријава за спречување службено лице при вршење службени дејства од областа на јавниот ред и мир и за нелегално преминување граница, а автомобилот „мерцедес“ што го управувал е запленет.

„Вчера околу 17:20 часот лицето Г.К. (42), државјанин на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“ бил замолен да премине на втората линија за детална проверка, заедно со возилото. Тој го одбил барањето на полициските службеници и се обидел да избега со возилото загрозувајќи ги животите на полицајците“, се вели во соопштението на албанската полиција.

Бегалецот во обид потоа е фатен и приведен, а против него е покрената постапка од Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Пешкопеја.

Филмската сцена со антихерој од Македонија на линкот.

 

Најнови вести од: Хроника

(Фото): Малолетник со возило удрил во друг автомобил и пешак кој се бори за живот в болница

Малолетник денеска претпладне во скопското село Долно Коњари со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак кој со тешки повреди е пренесен во болница, каде, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), лекарите се борат за неговиот живот.

To top