Бојан Миовски беше стрелец во победата на Глазгов Ренџерс од 5:1 против Килмарнок во 25. коло од шкотскиот фудбалски Премиершип, кому му даде два гола и во првенствениот дуел во почетокот на декември.
Напаѓачот на „полицајците“ и на репрезентацијата на Македонија во 58. минута зголеми на 2:0 со својот деветти гол сезонава во сите клупски конкуренции, четврти во елитниот ранг во Шкотска.
Миовски беше стартер во домашниот тим на „Иброкс Парк“ и остана во игра до 76. минута.