Македонија

Започнува натпреварот за најпосакуван автомобил во Македонија, „Златно тркало 2026“

Седма година по ред македонската јавност ќе гласа на националниот избор за Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“, според читателите на 4 автомобилски медиуми.

Седма година по ред македонската јавност ќе гласа на националниот избор за Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“, според читателите на 4 автомобилски медиуми.

Овој национален избор се одржува во организација на најстариот автомобилски медиум во Македонија – Авто Плус, а во соработка и како ко-организатори се Carclub, CarsByVik и RPM.mk. Од денеска номинираните кандидати ќе конкурираат за титулата – најпосакуван автомобил.

Како и во минатите години, во конкуренција влегуваат возила кои се веќе пристигнати или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето.

Листата на автомобили оваа година ја сочинуваат 16 кандидати, модели од различни класи и брендови, распределени во четири категории:

Најпосакуван семеен автомобил во Македонија

Geely Cityray

Cupra Terramar

Dacia Bigster

Geely EX5

Opel Frontera

Volkswagen Tayron

 

Најпосакуван градски автомобил во Македонија

Geely Cityray

Peugeot 308

Renault Clio

Volkswagen T-Roc

 

Најпосакуван електрифициран автомобил во Македонија

Lynk&Co 02

Renault 5

Geely EX5

Lynk&Co 08

Skywell BE11

Lynk&Co 01

Мазда 6E

 

Најпосакуван автомобил во Македонија – Главна награда

Audi Q5

Opel Frontera

Volkswagen T-Roc

Lynk&Co 08

 

 

Во идниот период од 45 дена, веќе споделените искуствата и мислењата за секој од автомобилите, организаторите дополнително ќе ги промовирани на нивните медиуми.

Гласањето за моделите започнува на 15ти Март и трае до 31ви Март 2026 година, а ќе се одвива на официјалната веб страница каде што секој поддржувач на автомобилската индустрија во Македонија ќе може да го избере својот фаворит на четири тркала

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top