Хроника

Радуловиќ негира вмешаност во криминал со издавање лични документи

Некогашната ракометна репрезентативка на Македонија на Фејсбук категорично ги отфрли обвинувањата

Некогашната ракометна репрезентативка на Македонија, Валентина Радуловиќ, се огласи на Фејсбук со демант дека била дел од група што учествувала во криминал со издавање лилни документи.

„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во мвр на издавање пазсоши за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име некаде на почетокот на 2024 кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, објави една од најдобрите и најтрофејни македонски ракометарки во историјата.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top