Македонија

Отишла да земе кафе и ги нашла Заев и Шеќеринска како изиграваат шефови, дали Ленче Ристовска решила да падне државата

Ми вели Ленче, нема да пишуваме записник за примопредавање, значи, држава паѓа

Постојат најмалку 5 причини за отворање истрага, апсење и притвор за поранешните обвинители од СЈО кои и до ден денес се на високи позииции.

Ова е оценка на искусен административец кој смета дека луѓето од екс СЈО до ден денес уништуваат животи и судбини за лични и политички интереси и цели.

Сѐ додека оваа банда обвинители се на слобода и на високи позиции нема да имаме правда, смета административецот кој цитира дел од интервјуто на Лејла Кадриу со Богдан Илиевски.

,,Имавме кујна и еден ден отидов да си земам кафе. Излегувам од канцеларијата и ги гледам Зоран Заев и Шеќеринска, така на колена нешто со некои хартии. Ги гледам Ленче (Ристовска, нз.), Фатиме (Фетаи, н.з.), беа и Лиле (Стефанова, н.з.) и Гаврил (Бубевски, нз.). Велам, луѓе, што прават овие овде, што прават Заев и Шеќеринска тука?. Што бараат да влезат во Обвинителството. Ни шефот на Обвинителство, Јанева, не е тука, ниту останатите обвинители не се тука. Што бараат овие двајца тука? Ленче ми рече дека ги донеле материјалите. Молам? А, ја прашувам, кој ќе пишува записник за примопредавање и како ќе ги примите тие материјали кога шефот не е тука. Но, очигледно овие четворица беа шефови. Па, ми вели Ленче, нема да пишуваме записник за примопредавање. Значи, држава паѓа. Цел свет слуша муабети со кои Зоран Заев мавта на плоштадот, а во Обвинителство се внесуваат без записник за примопредавање. Нечуено“, вели Лејла Кадриу за тоа како работело Специјалното јавно обвинителство со кое раководеше Катица Јанева, а за чие постоење немаше уставен основ. Нејзиното сеќавање за тие денови, за деновите кога и самата била член на СЈО, таа го изнесе во Богдан Илиевски Шоу.

Поврзани вести

Обвинителка открива: Мистериозен советник на министер нарачувал обвиненија (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

„Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк – бесплатен концерт под отворено небо

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун

To top