Македонија

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

Блокадата на Собранието треба да упати порака до пратениците затоа што тие повеќе од една година го блокираат законот за минимална плата, а во истиот период, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој рече дека законски им се потребни најмалку по 21 човек за блокирање на булеварите „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај влезовите на Собранието. Тој смета дека пратениците не треба да се грижат за тоа колку луѓе ќе излезат на улица.

Блокадата треба да биде порака до народните избраници дека тие го блокираат Законот за минималец повеќе од една година, вели тој.

  • Пратениците се прават глуви и слепи за последната иницијатива на Сојузот на синдикати на Македонија за намалување на нивните плати за 80%, или да си ја намалат основицата за пресметка на платите, од просечна на минимална плата, да дојдат и тие на минималец, па потоа да зборуваат колку е добро со минимална плата да се живее во Македонија – рече Трендафилов.

Додаде дека пратениците први ќе се соочат со гневот на работниците, односно нема да можат да наплатат трошоци за доаѓање на работа, кои изнесуваат од 100, па нагоре евра.

На утрешната блокада најави дека ќе присуствува и раководството и членовите на Синдикатот на УПОЗ кои вчера заедно со КСС и со Владата постигнаа договор за зголемување на додатоците на плата за 40 проценти до 2028 година.

Во однос на постигнатиот договор меѓу УПОЗ и Владата, Трендафилов кажа дека Синдикатот на УПОЗ извојувал победа затоа што пред една година барал 30 проценти зголемување на додатоците на плата за 3 000 работници, а сега добива 40 проценти за 11 000 работници.

Најнови вести од: Македонија

ГГ Стефан: Светлината на воскреснатиот нека нè просвети

„Христос воскресна! – Навистина воскресна!, наведува г.г. Стефан, е поздрав на животот што Бог ни го подари не само преку тајната на Неговото воскресение и преку победата над гревот и смртта, туку и преку радоста на овој настан што ни ја дарува со неизмерливото смирение, со примерот на своето снисходење, простување и пожртвуваност за секој човек и за секое создание

To top