Македонија

Владина делегација на средби во УНЕСКО – Ќе има ли договор за заштита на Охридскиот Регион?!

Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.

Владина делегација во состав Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање; како и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваа во работна посета на Париз, каде остварија средби со високи претставници на УНЕСКО.

На средбите со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, претседателот на 43-та Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб, беше разговарано за значењето на УНЕСКО во современиот свет како единствена мултилатерална организација што промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите.

Во фокусот на разговорите беше состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.

За време на средбите беше потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на регионот.

Најнови вести од: Македонија

Пратениците на СДСМ си заминаа од работа, откако законот за минимална плата не беше ставен на дневен ред

Не помина предлогот на пратениците на СДСМ да се гласа за дополнување на дневниот ред со нивното законско решение со кое се прифаќаат барањата на ССМ, по што тие решија да ја напуштат работата на денешната 84. седница. До соопштување на ваквата одлука на опозициската партија претходеше дебата меѓу координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и претседателот на Собранието, Африм Гаши, а беше дадена и едночасовна пауза.

Ревизијата откри куп пропусти во ДСЗИ – Какви играчки и козметика се продаваат во продавниците?!

Дали и кој може да гарантира дека на рафтовите во продавниците има безбедна козметика и играчки за децата. Во Македонија има листа на забранети супстанци но таа е од 2010 и досега не е ревидирана. Тоа остава простор за соменвање дека штетни и опасни материи по здравјето можеби ги има во дел од овие производи, констатирал Државниот завод за ревизија кој и утврдил дека во државата нема ниту соодветна лабораторија за роверка на забранети супстанци.

(Видео): Министерот за внатрешни и премиерот прикажаа дел од запленетата дрога

Запленетите количини, Тошковски рече дека во моментов се складирани во простории на МВР и ќе служат како доказен материјал во постапката што се води во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Тој рече дека се преземаат сите потребни чекори за да може да се утврди фактичката состојба и да се расветли овој случај.

To top