Македонија

Николовски: Царинската управа пример во регионот во имплементација на напредни ИТ системи

Конференција во Загреб

Со грант од ЕУ започнуваме со имплементација на Проектот за автоматизација на терминалите, т.н. „Паметни граници“, што значително ќе го забрза протокот на стоки на граничните премини. Очекуваме до крајот на 2027 година целосна имплементација на проектот, за што веќе е објавен и јавен  повик за набавка на опремa, како и негово поврзување со системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички. Преку дигитализација на царинските процеси ја создаваме основата за функционирање на единствениот пазар и забрзување на влезот на земјата во ЕУ, како клучно за успешна пазарна економија. Ова го истакна директорот Бобан Николовски на маргините на конференцијата во Загреб, „Интеграција и дигитална трансформација – Патот до ЕУ царина“ во организација на хрватската Царинска управа.

Николовски воедно ги пренесе искуствата од Системот за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја  –  прво воспоставување на системот за електронско царинење на Царинската служба на Република Кореја во целиот европски регион.

„Овој систем ни е од исклучителна важност бидејќи со истиот овозможивме унапредување на анализата на ризик и подобра селекција и концентрираност на контролите на високоризични пратки, со што се овозможува олеснување и забрзување на легалната трговија“, рече директорот.

Во рамки на конференцијата, директорот оствари билатерална средба со директорот на хрватската Царинска управа, Марио Демировиќ, на која разменија искуства за тековните предизвици, како и за можностите за зајакнување на соработката и заедничко делување кон сите потенцијални закани.

На конференцијата учествуваат директори и високи претставници од Царинските управи во регионот.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top