Зошто досега ниту еден политичар или обвинител не реагираше на интервјуто на обвинителката а сега адвокатка Лејла Кадриу која откри низа законски и етички аномалии во работата на екс СЈО, прашува Богдан Илиевски.
Вообичаено кога се работи за ваков вид на информации кои укажуваат на незаконско или неетичко однесување споменатите реагираат, демантираат или се закануваат со тужби.
Овој пат сите молчат што укажува на можност Кадриу да е во право за сите свои тврдења.
,,Едно прашање, ак не е проблем…
Дали ЕДЕН, било кој, од спомнатите од г-ѓа Лејла Кадриу за паритизираните баханалии во СЈО демантираше нешто што кажаа таа во гостувањето во мојата емисија?
Дали некој побара извинување од неа? Дали и се закани со тужба за клевета?
Ленче? Фатиме? Гаврил? Елизабета? Лиле? Катица? Заев? Шекеринска? Спасовски?
Имаше ли такво нешто”, прашува Илиевски.
Поврзани вести
Обвинителка открива: Мистериозен советник на министер нарачувал обвиненија (ВИДЕО)
Крајно незгодни директни сведоштва за однесувањето на неколку обвинители од екс СЈО
Крајно незгодни директни сведоштва за однесувањето на неколку обвинители од екс СЈО