Македонија

Почна проверка на сите производители на медицински канабис

Министерот Азир Алиу денеска изјави дека ќе бидат проверени вкупно 43 лиценци

Министерството за здравство започна вонредни контроли на сите компании што произведуваат медицински канабис во земјава. Министерот Азир Алиу денеска изјави дека ќе бидат проверени вкупно 43 лиценци, а контролите се спроведуваат во соработка со Министерството за внатрешни работи.

– Контролите почнуваат од денеска. Колегите веќе се на терен. Ќе се проверуваат сите 43 лиценци за производство на медицински канабис – рече Алиу на прес-конференција.

Тој информираше дека Владата донела одлука за именување нов состав на Меѓуресорската комисија, тело кое постои од 2017 година.

Според министерот, иако комисијата била формирана пред речиси девет години, не бил пронајден ниту еден извештај за нејзината работа.

Во моментов функционираат две комисии поврзани со оваа област. Едната, формирана од Министерството за здравство, брои пет члена и е задолжена за административните процедури и за издавање согласности за лиценци. Втората е меѓуресорска комисија со пошироки надлежности, која треба да ги следи и анализира политиките поврзани со производството на канабис за медицински цели.

Алиу најави дека се анализираат и постојните правилници. Доколку се утврдат слабости, ќе бидат предложени измени.

Министерот побарал и законски измени со кои во вакви ситуации би можел да формира дополнителни комисии што ќе вршат контрола и ќе поднесуваат извештаи.

– Кога се носи закон, мора да се обезбеди и инфраструктура за негова примена – рече Алиу.

Засега од Министерството не прецизираат дали контролите се резултат на конкретни сомнежи или се дел од редовен надзор.

Најнови вести од: Македонија

Двајца Д.М. (56) и К.М. (33), членови на ловечкото друштво од Неготино, од 2021-2025 проневериле 42 илјади евра од странски ловци!

ОВР Неготино до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Д.М.(56) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“ и против К.М.(33) од Неготино, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „несовесно работење во службата“, „уцена“ и „попречување на правдата“.

Бугарскиот весник „Мир“ во 1924: Македонците имаат македонска свест и чисто македонска психологија, одделна од српската и бугарската!

Во напис од 1924 година под наслов „Македонска свест“, весникот „Мир“, издаван во Бугарија, сведочи за јасна македонска етничка свест и македонската национална психологија – одделна од српската и бугарската националност.

Пандов:Убијците и силувачите на деца не заслужуваат доживотен затвор, треба да се врати смртната казна!

„Корумпиран полицаец треба да биде лоциран и избркан од работа. Во тој поглед има подобрување: имаме откриено затворски полицајци, што помагаат во шверц. За помалку од две години сме суспендирале сигурно над 30 затворски полицајци. Од нив дел се со обвиненија, а дел се веќе и осудени. Но има одредени затвори каде што тоа сѐ уште е голем проблем.“ – вели Александар Пандов, директорот на Управата за извршување на санкции, во интервју за порталот МКД.мк. Корупција, шверц, „затворски шерифи“ и систем што со години бил запуштен. Што се случува навистина зад решетките во македонските затвори?  Пандов отворено зборува за состојбите во македонските затвори, корупцијата, шверцот и предизвиците во ресоцијализацијата на осудените лица. Тој открива дека системот наследил сериозни проблеми, оти во затворите работеле и поранешни осуденици, но тврди дека тоа веќе го нема и дека се преземаат конкретни чекори за подобрување на затворскиот систем.

Мицкоски: Македонскиот идентитет повеќе нема да биде распродаван!

Следбенците на живковизмот во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија, кои сè уште се активни, како луѓето од опозицискиот СДСМ, кои мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание

To top