Спорт

Цветановска со над три минути подобар резултат на ЗОИ во Милано-Кортина во однос на Пекинг

Македонската нордијка 105. на 10 км интервал старт слободно, зад неа се пласираа три натпреварувачки, а три не ја завршија трката

Ана Цветановска го подобри својот резултат на 10 километри интервал старт слободно на 25. Зимски олимписки игри во Милано-Кортина во однос на претходните во Пекинг, доволно за 105. место меѓу 108 натпреварувачки со пласман, а три не ја завршија трката.

Македонската нордијка ја истрча патеката на скијачкиот стадион „Тезеро“ во Вал ди Фиеме за 31:32,4 минути и заостана 8:43,2 минути зад победничката Фрида Карлсон од Шведска, споредено со +11:51,40 мин. во однос на олимписката шампионка во Пекинг пред четири години.

Цветановска ги остави зад себе претставничките на Србија, на Малта и на Мексико, а на целта не стигнаа претставничките на Босна и Херцеговина, Бразил и Исланд.

Во истата дисциплина, но во машка конкуренција, утре од 11:45 часот ќе настапи македонскиот знаменосец на свеченото отворање Ставре Јада, кому ова му е трета олимпијада.

 

Најнови вести од: Спорт

Александар Трајковски емотивно се повлече од македонската фудбалска репрезентација

Во својата објава, искусниот фудбалер истакна дека носењето на државниот дрес за него отсекогаш било многу повеќе од обврска – претставувало чест, гордост и огромна одговорност.

To top