Македонија

Ѓорѓиевски: Голем инфраструктурен проект во Чаир – се реконструира „Лазар Трповски“, до крајот на 2026 и фреквентниот булевар „Цветан Димов“!

“Денес заедно со градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити го означивме почетокот на реконструкцијата на една од клучните сообраќајни артерии во овој дел од градот, улицата „Лазар Трповски“. Проектот е клучен, бидејќи значи поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување. Ова е современо сообраќајно решение, кое ја става безбедноста на прво место – и на возачите, на пешаците, и на велосипедистите.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски

Натаму на општествената мрежа Ѓорѓиевски истакнува: Сите знаеме дека во минатото оваа улица беше црна точка на сообраќајната мапа на градот, место каде што премногу често се случуваа незгоди. Со оваа реконструкција ставаме крај на импровизациите и на небезбедните услови.


Воведуваме јасна сигнализација, подобра прегледност и инфраструктура што одговара на реалните потреби на граѓаните. Чаир добива улица по европски стандарди, функционална, безбедна и модерна. Но тука не застануваме.

До крајот на годината започнуваме постапка за целосна реконструкција и проширување на булеварот „Цветан Димов“ – една од најважните градски трансверзали низ која секојдневно гравитираат повеќе од 100.000 граѓани и која поврзува неколку скопски општини. Овој проект ќе значи трајно решение за метежот, за небезбедноста и за долгогодишниот сообраќаен хаос на оваа делница, каде речиси секојдневно се случуваат незгоди. Она што со години беше само празно ветување, денес станува реалност.

Наместо зборови, дела. Наместо изговори, резултати! Скопјани заслужуваат безбеден, функционален и уреден град. Напролет започнуваме со низа клучни проекти кои конечно ќе стават крај на проблемите што со децении ги оптоваруваат граѓаните. Повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро. Тоа подобро, реално ќе го живееме. – порача преку фејсбук градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top