Хроника

Маж баран за убиство во Македонија уапсен во Ќустендил

Лицето има двојно државјанство – македонско и бугарско, а со него се приведени уште двајца како сведоци во претходна постапка

Криминалистите од Ќустендил идентификуваа тројца мажи кои се бараат на локална листа на барани лица.

Едниот е обвинет за кривични дела од општа природа во Регионалниот суд во Ќустендил и му е одреден притвор, а другите двајца се во категоријата „присилно доведување“ во својство на сведоци во претходна постапка.

Во четвртокот, за време на увид од страна на службениците на сообраќајната полиција, идентификуван е 53-годишен маж кој бил баран на меѓународно ниво преку ИНТЕРПОЛ и му е одреден притвор, а е осуден во Македонија за убиство.

Тој има двојно државјанство – македонско и бугарско.

Најнови вести од: Хроника

ДЗР: Студентскиот дом „Пелагонија“ го плаќал лебот по 126 денари за килограм! – Малверзации и кај душеците за студентите!

Државниот завод за ревизија утврдил повеќе, како што наведува, малверзации и недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода, при што најмногу во очи паѓа сознанието дека домот набавувал леб по цена од 126 денари за килограм!

Кривична пријава против двајца и фирма од Велешта, бидејќи незаконски копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.М. (50) и Н.К. (54), двајцата од Велешта, како и против правен субјект од истото село. Тие се сомничат за кривичните дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“.

Вчера во цела Македонија казнети 166 пешаци, поради небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) од 9 до 15 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, заради казнување прекршоци, што ги прават пешаците. При контролата казнети се 166 пешаци, од кои 137, поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Крвава драма во Батинци: Петмина ги нападнале И.М. (41) и неговиот малолетен син и им нанеле расекотини со остар предмет!

Според полицискиот билтен, синоќа околу 20 часот во СВР Скопје И.М. (41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С.

To top