Македонија

Ски центарот Копанки од денеска повторно во фунцкија

Скијачката сезона на оваа омилена дестинација за битолчани и туристите продолжува од денеска кога патеките повторно ќе бидат ставени на располагање на посетителите

Од хотелот „Молика“ информираат дека ски-центарот „Копанки“ на Пелистер официјално продолжува со работа.

Според официјалното известување, скијачката сезона на оваа омилена дестинација за битолчани и туристите продолжува од денеска (15 февруари), кога патеките повторно ќе бидат ставени на располагање на посетителите.

Од менаџментот на центарот појаснуваат дека во овој период во функција ќе биде исклучиво ски-лифтот. Тие упатија апел до сите скијачи и бордери навремено да го планираат своето скијање согласно моменталните услови на теренот.

Покрај адреналинските спортови, посетителите се поканети да уживаат во свежиот планински воздух и автентичната зимска атмосфера што ја нуди Националниот парк Пелистер, пишува порталот БабамБитола.

Најнови вести од: Македонија

„Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк – бесплатен концерт под отворено небо

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун

To top