Македонија

УЈП: Граѓани кои примиле плата или друг вид доход од странство, да поднесат пресметки до 31 март

Од Управата нагласуваат дека обврската за овие граѓани постои независно од тоа дали данокот во странската држава е платен или не

Граѓаните кои во текот на 2025 година примиле плата или друг вид доход од странство, имаат рок до 31 март годинава да ги достават електронската пресметка и соодветните докази за остварениот приход до Управата за јавни приходи (УЈП). Пресметката треба да ја поднесат преку системот е-Даночни услуги на УЈП.

Од Управата нагласуваат дека обврската за овие граѓани постои независно од тоа дали данокот во странската држава е платен или не.

„Заедно со пресметката мора задолжително да се достават и докази – потврда од исплатувач, извод од банка, договор за извршени услуги, платни листи или друга релевантна документација што го покажува износот, видот и периодот на остварениот доход, како и евентуално платениот данок во странство“, информираат од УЈП.

Оттаму апелираат граѓаните навремено да ги извршат сите обврски со цел правилно утврдување на даночната обврска и избегнување дополнителни постапки и санкции.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Не ни требаат компании да го следат раководството на СДСМ, немам намера да се занимавам со такви естрадни политики!

„Што се однесува до некакви си компании што треба да го следат раководството на СДСМ, таков тип на однесување и потреба од наша страна апсолутно не постои, ниту е тоа дел од мојот карактер, ниту имам некаква намера да се занимавам со такви естрадни политики.“ – одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање откако вчера опозицијата обвини дека власта ангажирала приватна разузнавачка агенција да ја следи.

Скопска мобиларница фатена во обид за криумчарење „Ејплс-часовници – цариниците со голема заплена

Запленети се скапи „Ејпл“ часовници кои увозниците се обиделе да ги прикријат со ефвтини копии, но оригиналите се пронајдени при претрес на скопска мобилара, објави Царинската управа, од каде што посочуваат дека е покрената кривична пријава против осум лица.

To top