Македонија

Денеска засилен ветер наместа со брзина и над 60 километри на час

Засилен ветер од северен правец кој наместа ќе биде со брзина од над 60 километри на час, особено долж Повардарието

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец кој наместа ќе биде со брзина од над 60 километри на час, особено долж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус седум до пет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од нула од 11 степени.

Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до девет Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде ведро, а температурите насекаде ќе бидат под нулата.

Во текот на ноќта кон петок и во петок се очекуваат нови врнежи од дожд, кои на некои од повисоките места и на планините ќе бидат од снег.

За време на претстојниот викенд синоптичарите прогнозираат променливо облчано и постудено време, со умерен до засилен ветер од северен правец.

Најнови вести од: Македонија

Панчевски со кривична против членовите на Советот на јавни обвинители

Со искористување на својата службена положба и со пречекорување на границите на своето службено овластување, постапиле спротивно на член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство при разгледување на неговата пријава и утврдување на посебниот услов, вели тој

To top