Македонија

Обвинителка со сопруг осуден за организиран криминал од Панчевски ,,му пресудила” на судијата во трката за јавен обвинител

Десет јавни обвинители се соочуваат со затворска казна до 3 години според пријавата

Обвинителка од Прилеп која има сопруг осуден за организиран криминал токму од судијата Панчевски била една од членовите на Советот на јавни обвинители кои решиле да го елиминираат кандидатот од трката за државен јавен обвинител.

 

За ваквото однесување со кое врз основа на неточни факти лажно заклучиле дека Панчевски не ги исполнува условите од конкурсот 10 члена на Советот на јавни обвинители добија кривични пријави.

Доколку пријавата биде процесираат десетте обвинители се соочуваат со затворски казни до години.

 

Според ставот 1 од членот 353 од Кривичниот законик службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

 

Целата објава на Панчевски:

 

ОВА ТРЕБА ДА НЕ ОСВЕСТИ СИТЕ ВО КАКВА МАКЕДОНИЈА ЖИВЕЕМЕ И КОИ ЛИЦА ОДЛУЧУВААТ ЗА НАШИТЕ СУДБИНИ! 👇🏻👇🏻

 

Врз основа на чл.272 од Законот за Кривична постапка до МВР и Јавното обвинителство на РМ, по пат на допрен глас, јас Владимир Панчевски од Скопје, поднесувам,

 

КРИВИЧНА ПРИЈАВА

 

против:

 

1. Башким Бесими од Тетово, претседател на Советот на јавни обвинители

 

2. Марјана Илиеска од Прилеп, заменик претседател на Советот на јавни обвинители

 

3. Јелена Догазанска Колева од Скопје, член на Советот на јавни обвинители

 

4. Зорица Павловиќ од Скопје, член на Советот на јавни обвинители

 

5. Ермон Незири член на Советот на јавни обвинители

 

6. Кети Петкова член на Советот на јавни обвинители

 

7. Светлана Стојковиќ член на Советот на јавни обвинители

 

8. Душица Димитриеска член на Советот на јавни обвинители

 

9. Ардиан Демири член на Советот на јавни обвинители

 

10. Фатих Алиу член на Советот на јавни обвинители

 

За кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.1 вв со чл. 22 од Кривичниот законик

 

Затоа што:

 

На ден 17.02.2026 година пријавените како службени лица претседател, заменик и членови на Советот на јавни обвинители на седница на Советот на јавни обвинители во постапка по оглас Бр. 08-7375/1 од 29 декември 2025 година за “ОГЛАСУВАЊЕ НА ИМЕНУВАЊЕ НА JABEH ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА”, објавен во Сл.Весник на РСМ Бр.05/2026 од 12 jануари 2026 година со искористување на својата службена положба и со пречекорување на границите на своето службено овластување, постапиле спротивно на член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство при разгледување на мојата пријава и утврдување на посебниот услов констатирале дека:

 

“ Согласно законските одредби, кандидатот треба да има најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право. Во конкретниот случај, на кандидатот му престанала функцијата пред 13 години и во меѓувреме не бил ниту судија, ниту јавен обвинител. Оттука, тој стаж не може да се смета за непрекинат стаж од областа на кривичното право во смисла на законот – истакнала членот на Советот Маријана Илиеска. По што со оглед на наведеното, Советот заклучил дека кандидатот Владимир Панчевски не ги исполнува законските услови и не треба да биде ставен на листата на кандидати за кои ќе се гласа.”

 

Со што пријавените со умисла потешко го повредиле моето законско право предвидено во член 61 ст.1 алинеја 1 спротивно на потврда на Основен Кривичен суд Скопје 07. Су.бр.25/26-1 од 20.01.2026 година со која се потврдува дека сум бил во редовен работен однос на неопределено време во овој суд, на работно место – Судија од 08.02.2008 година до 28.07.2020 година и има вкупен непрекинат судиски стаж во ово суд од 12 години, 5 месеци и 20 дена. Со што ме дисквалификувале од понатамошна кандидатура – предлог од страна на Владата и евентуално гласање во Собранието на РСМ.

 

Исто така во Советот на јавни обвинители како заменик претседател учествувало лице Марјана Илиеска од Прилеп сопруга на лицето Орде Илиески осуден за организиран криминал со моја пресуда КОК бр.69/08 од 15.07.2010 година за кривично дело ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ од чл.279 од КЗ, во предметот Тутунски Комбинат Прилеп, (каде се конфискувани 4,5 милиони евра имот од осудените по основ на штета врз буџетот на државата), а пријавената Марјана Илиеска како службено лице обвинител и член на Советот на обвинители била должна да се изземе при гласањето како блиско лице под сомнеж за пристрасност и судир на интереси бидејки истата знаела и можела да знае дека при одлучувањето постои конфликт на интереси, но го премолчела овој факт.

 

Оваа кривична пријава е одраз на трулиот судско – обвинителски систем и предизвик Јавното обвинителство и МВР да отворат постапка по допрен глас и да расчистат со контаминираните кадри кои незаконски одлучуваат потешко повредувајки ги правата на граѓаните, носат селективна правда и го рушат угледот на судскиот систем.

 

Ги повикувам Владата и органите на прогонот да се охрабрат и веднаш да постапат по оваа пријава за директна злоупотреба од страна на пријавените.

 

Јавноста да го следи случајот! Од сите нас зависи!

 

Инаку за исто кривично дело јас бев обвинет и осуден од овој ист судско – обвинителски корумпиран систем на две и пол години ефективен затвор, но во таа постапка немаше лица на кои им беа повредени права, ме осудија за апстрактна повреда. Да видиме дали законот допира до овие за ваква конкретна потешка повреда на права спротивно на закон.

 

Подносител на кривичната пријава и оштетен

Владимир Панчевски, кандидат за Јавен обвинител

 

Прилог пресуда за сопругот на членот на инкриминираниот Совет на јавни обвинители.

 

Најнови вести од: Македонија

To top