Регион

Бугарија по осми пат за пет години оди на избори

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денеска соопшти дека ќе се одржат нови предвремени парламентарни избори на 19 април

Откако му го довери мандатот за состав на нова влада на Андреј Ѓуров, претседателката на земјата Илијана Јотова, најави дека нови предвремени избори за состав на редовна влада ќе се случат на 19 април.

Јотова минатата недела го назначи Андреј Ѓуров, досегашниот заменик-гувернер на Бугарската национална банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори.

Тоа ќе бидат осми избори во последните пет години во земјата членка на ЕУ и НАТО, објави Ројтерс.

Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколку недели улични протести поради нејзините економски политики и неуспехот во борбата против корупцијата.
Бугарија долго време е политички нестабилна

„Ќе издадам декрет за распишување избори за 19 април“, објави Јотова на денешната прес-конференција по средбата со Ѓуров, кој ги претстави членовите на неговата привремена влада.

Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со продолжена политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции.

Најнови вести од: Регион

Ахмети од Приштина до Хашкиот трибунал, a можеби и до некои во Македонија: Нема да нѐ скршат, исто како и семејствата на нашите другари во Хаг!

Претседателот на ДУИ Али Ахмети учествуваше на претставувањето на книгата на Ахмет Шала со наслов „Кога тишината зборува“, која се одржа денес во Приштина. Ахмети во својот говор рече дека поранешните водачи на косовската УЧК во Хашкиот трибунал се „неправедно судени со обвинувања за дела, што не ги сториле“. Ова го објавија информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје и други медиуми на албански јазик од Балканот. 

Јотова бара силен бугарски глас – па и различен од оној на европските партнери

Бидејќи Бугарија е земја на надворешната граница на ЕУ, а неодамна стана многу релевантно и задолжително да се зборува за „Источно партнерство и зајакнување на позициите на Истокот“

Ѓорѓе Иванов: Образованието на македонски јазик е клучен столб за зачувување на националниот идентитет

На јубилејот од 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, екс-претседателот Иванов рече дека станува збор за историски втемелена приказна на истрајност, работа и достоинство, преку која македонската заедница оставила длабока трага во општествениот и културниот живот на средините во кои живее

Најнови вести

To top