Македонија

Митева: Жерновски во македонската политика е „стара витрина со пајажина“, нема никакви политички познавања! (ВИДЕО)

„Со жалење ја следам паничната и хистерична реакција на Жерновски и СДС. Интегритетот на Жерновски во македонската политика, кој смени едно чудо партии, е еднаков на една стара витрина со пајажина, заборавена и надмината со времето. Го ставија во партиски тела за да се натпреварува кој ќе фрли повеќе кал, тоа е спорт омилен за мал дел од политичката елита на СДС. Обидот да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања. Кога аргументите изостануваат, остануваат инсинуациите. Кога немаат одговори, продуцираат магла., реагираше портпаролката на Влада на Република Македонија Марија Митева на својот фејсбук-профил.

Натаму во објавата на општествената мрежа Митева истакнува: Јас секогаш стојам на кажаното. Фактите се јасни, станува збор за решение донесено пред речиси три месеци, со кое тужбата на Жерновски е отфрлена, а барањето за надомест на штета е одбиено како неосновано. Тоа е правната реалност. Сè друго е свесна манипулација со јавноста. За разлика од СДС, ниту некогаш сум манипулирала, ниту ќе манипулирам со граѓаните. Мојот збор има тежина и е прашање на кредибилитет и личен интегритет.

Токму затоа е очигледно дека ваквиот тотално паничен настап произлегува од страв, страв од одговорност, страв од вистината и страв од прашањата на кои сè уште немаат одговор. Наместо да фабрикуваат конструкции, нека одговорат каде води случајот со 40 тони марихуана, кој сè бил вклучен. И уште низа други одговори за криминал и корупција кои како печурки после дожд секојдневно излегуваат. Јавноста заслужува одговори, а не политички театар.

Нападите дека некој „управува“ со судовите потекнуваат од нивната долгогодишна пракса на такво практицирање, тоа време заврши. Јас нема да учествувам во нивната игра на креирање лажни скандали. Ќе продолжиме да инсистираме на владеење на правото, институционална одговорност и целосна транспарентност. Граѓаните гледаат кој нуди факти. Политиката мора да се води со интегритет, а не со конструкции и лаги!

Портпаролката на Владата на Република Македонија Марија Митева на фејсбук истакнува и дека по дебатата со Андреј Жерновски знае оти многумина од луѓето, поради вакви дебати одбираат да не следат политика. Но таа посочува дека ова видео го заслужува вниманието на граѓаните.

„Одвојте време, изгледајте го до крај, за да потврдиме уште еднаш дека со гооодини во Македонија многумина со празни и бесмислени изрази, без суштина, и кои немаат никакво познавање, се дел од политичкиот пејсаж и врз основа на тоа се создава обопштена претстава за учество во политиката и градење доверба. Но, наша обврска е да покажеме разлика! 

*Имам една дилема: дали мојот соговорник му се обрати со “брат” на новинарот на самиот почеток? , прашува Митева на социјалните мрежи.

Видео 1

Видео 2

Најнови вести од: Македонија

Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски, рече известувачот на Европскиот парламент за Македонија

Процесот на пристапување е сопрен, а напредокот во клучните области, особено владеењето на правото и борбата против корупцијата, е недоволен. Со оваа порака, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, го отвора годинешниот нацрт-извештај за земјава, кој на 26 февруари ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Станбениот квадрат отиде во „астрономијата“: Најмногу поскапеле становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, Центар 14 проценти, а пад на цените на продадени станови има во Гостивар два процента.

To top