Регион

Македонија екстрадирала турски државјанин баран со црвена потерница

Баран со црвена потерница за „сексуална злоупотреба на деца“

По спроведување на сите соодветни национални и меѓународни процедури и проверки македонските власти го екстрадирале во Турција лицето со иницијали М.Г..

 

Лицето М. Г. е меѓународно баран со црвена потерница за „сексуална злоупотреба на деца“.

 

Оваа информација ја објави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја кој информира дека турските власти во земјата донесле 13 барани криминалци со црвена потерница и две лица кои се барани на национално ниво

 

Во Турција се вратени лица од  Грузија (10), Грција (2), и по едно лице од Обединетото Кралство, Македонија и Германија.

 

,,Обезбедивме екстрадиција на 398 криминалци во нашата земја за време на овој мандат на владата.

Ние сме им зад грб, тие нема да можат да ни избегаат”, изјави Ерликаја кој објави дека лицата барани на меѓународно ниво со црвена потерница, U.Y., A.G., H.G., V.T., M.C.A., S.B., O.Y., Ç.Ö., M.Ö., C.A.K., C.M., M.G. и S.T., и лицата барани на национално ниво, F.T. и A.Y., биле фатени и вратени во Турција.

 

Ерликаја објзи дека турските власти ги следеле трагите на лицата кои избегале во странство и против нив биле издадени потерници а целата операција била резултат на спроведените истражувања  со помош бази на податоци на ИНТЕРПОЛ, безбедносни информациски системи, социјални медиуми и информации добиени од отворени извори.

 

 

➡️

 

Целата листа на вратени криминалци:

 

🟥Лицата со имиња Х.Г., С.Б. и Ч.О., кои се барани меѓународно со црвена потерница за кривично дело „Обид за намерно убиство“, се вратени од Грузија,

 

🟥У.Ј., вратен од Грузија, се барал со меѓународно со црвена потерница за кривично дело „Членство во организација основана со цел извршување кривично дело и намерно убиство“

 

🟥 А.Г., кој е меѓународно баран со црвена потерница за кривични дела „Тешка сексуална злоупотреба на дете, Лишување од слобода“, од Грузија

 

🟥 В.Т., кој е меѓународно баран со црвена потерница за кривични дела „Кражба, Повреда на неповредливоста на домот, Стекнување корист преку неовластено користење на банкарска или кредитна картичка, Тешка кражба“, од Грузија,

 

🟥 М.Ц.А., кој е меѓународно баран со црвена потерница за кривични дела „Користење деца во производство на непристојни публикации, Откривање слики и звуци во врска со приватниот живот, Уцена“, од Грузија,

 

🟥 О.Ј., кој е меѓународно баран со црвена потерница за кривични дела „Вооружен грабеж, Поседување и употреба на наркотици, Намерно ранување и кражба“, во Грузија, од Грузија,

 

🟥М.О., кој е меѓународно баран со црвена потерница за „Измама и Фалсификување на службени документи и фалсификување пари со користење на информациски системи“ од Германија,

 

🟥Ц.А.К., кој е меѓународно баран со црвена потерница за „заеднички грабеж од повеќе од едно лице“ од Грција,

 

🟥Ц.М., кој е меѓународно баран со црвена потерница за „увоз, производство, транспорт и продажба на огнено оружје и муниција во земјата без дозвола и членство во организација основана со цел извршување кривично дело“ од Обединетото Кралство

 

 

 

🟥Лицето именувано С.Т., кое е меѓународно барано со црвена потерница за „измама, основање организација за извршување кривично дело, измислување кривично дело и кражба“  од Грција

 

❌Лицето именувано Ф.Т., кое е национално барано за „намерно убиство и намерно ранување“, од Грузија,

 

❌На Лице по име А.Ј., кое се бара на национално ниво за „Намерно убиство и нелегално оружје“, од Грузија

 

 

Најнови вести од: Регион

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“, барани со меѓународни потерница за убиства и други сторени кривични дела

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“.

Тајани: Силата на Европа зависи од влезот на Западниот Балкан во ЕУ, затоа Италија ја претставува неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“

Политичката сила на нашиот континент во наредните децении ќе зависи од влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, порачува италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Антонио Тајани, во својата најнова колумна. Според него, многу кратковидо и погубно е да се одложува пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ Затоа Италија ја промовира неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, која ги обединува земјите-членки кои се најрешителни да го задржат европското внимание кон овој регион на високо ниво, истакнува Тајани.

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел

To top