Бизнис

(Фото): Се стега обрачот за издавање на потрошувачки кредити, банките ги заоструваат условите

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,5%, во поголем дел поради зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,6%, под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Банките во следниот период ги заоструваат условите за кредити, особено за станбените и потрошувачките кредити. Ова е истакнато во најновата анкета за кредитната активност на Народната банка, каде е посочено дека банките во следниот период би ги заостриле вкупните кредитни услови за домаќинствата.

  • Во текот на четвртиот квартал од 2025 година, банките укажуваат на заострување на вкупните кредитни услови за домаќинствата, односно кај станбените и потрошувачките кредити, за разлика од олеснувањето во претходните квартали. Заострувањето во четвртиот квартал од 2025 година е малку посилно во споредба со очекувањата на банките дадени во претходната анкета. За првиот квартал од 2026 година, банките очекуваат мало олеснување на кредитните услови кај вкупните кредити на домаќинствата, но заострување кај станбените кредити – се посочува во нивниот извештај.

Анализирано од аспект на поединечните кредитни услови, кај станбените кредити, банките посочуваат на значително заострување кај покриеноста на кредитот со обезбедување, а слично делувале и обврските за обезбедување и достасувањето на заемите. Кај потрошувачките кредити, во овој квартал, поголемиот дел од условите за кредитирање се непроменети.

  • Во однос на факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити на домаќинствата, во оваа анкета, банките укажуваат дека речиси сите фактори од групите: „согледување на ризикот“ и „толеранција на ризикот“ придонесуваат за умерено заострување на условите за кредитирање, и кај станбените, и кај потрошувачките кредити, а најголем придонес во нето-заострувањето има факторот „кредитна способност на потрошувачите“– се појаснува во извештајот.

Притоа е посочено дека и факторот „очекувања за вкупната економска активност“ придонесува за нето-заострување на условите кај потрошувачките кредити.

Од друга страна како олеснителни услови се фактори од групите: „трошоци на финансиските средства и ограничувања на билансот на состојба“ и „притисок од конкуренција“ кои пак придонесуваат заолеснување на кредитните услови, и кај станбените, и кај потрошувачките кредити, при што најголем придонес има конкуренција од други банки.

  • Гледано од аспект на учеството на нефункционалните кредити на домаќинствата и факторите преку кои тие влијаат врз кредитните услови, може да се забележи дека сите фактори придонесуваат за заострување на кредитните услови на домаќинствата во четвртиот квартал на 2025 година, во споредба со претходниот квартал. Се очекува дека овие фактори ќе имаат слично влијание и во наредните три месеци– стои во извештајот на НБРСМ.

И во текот на првиот квартал од 2026 година, банките очекуваат поумерено зголемување на побарувачката на вкупните кредити од страна на домаќинствата, посебно кај станбените кредити.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top